Кафе муабет

Прекрасно уреден стан од кој ќе ви застане здивот: Вистинска есенска оаза која зрачи топлина!

Стан од 45 квадрати во кој ќе посакате да останете вечно

Есента е периодот кога веќе полека почнуваме да се собираме во своите домови, по долгите летни прошетки.

Во овој период од годината речиси секој од нас сака да ужива во топлината на својот дом.

Деновите се веќе пократки, температурите пониски, а со самото тоа многумина сакаат да се покријат со своето омилено меко ќебе и да уживаат во долгите студени ноќи гледајќи телевизија и пиејќи топол чај.

Најдобар опис за топол дом има дизајнерката Ангела Џована која на Инстаграм профилот Тасели и Фрингс сподели фотографии од прекрасно, модерно уреден стан од 45 метри квадратни.

Верувајте, кога ќе ги погледнете фотографиите ќесфатите дека ова е местото каде сакате да останете затворени се до пролет.

Во само 45 квадратни метри простор за живеење, Ангела успеа да создаде вистинска есенска оаза во која преовладуваат крем и кафеави нијанси.

Внимателно избраните детали секогаш даваат посебна топлина.

Доколку сакате да постигнете истовремено модерен стил но и стан во кој зрачи топлина, изберете детали со плетени дезени како на пример лустери и плетени корпи во беж и крем боја, плетени перници…

Посебна нота во домот даваат дрвените детали кои одлично се вклопуваат со кафена и крем боја.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close