Кафе муабет

Пред 11 години беа прогласени за најубави близначки во светот: Еве како изгледаат денес- многумина тврдат дека мајка им ги уништува!

Девојчињата се многу популарни на Инстаграм, и до сега имаат 1,7 милиони следбеници...

Близначките Ава Мари и Леа Роуз од Калифорнија се родени во јуни 2010 година.
Уште од мали нозе девојчињата запловеа во водите на моделите а станаа популарни благодарение на нивната специфична убавина.

foto instagram
foto instagram
фото инстаграм

Медиумите пишуваа за тоа како нивните симетрични лица се како од најгламурозното списание, за нивната коса која е неверојатно руса и свилена, кожата е мазна, а нивната природна убавина не се опишува.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Сето ова придонесе за фактот дека тие запловеа во водите на моделите уште од најраното детство, а нивната кариера ја водеше нивната мајка Жаки Климент. Таа откри дека уште од самото раѓање на близначките, постојано се среќавала со истите коментари од познаници и луѓе што ги запознала:

„Луѓето навистина ми велеа: Леле, тие се толку убави, навистина треба да размислите за тоа да бидат модели.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Таа се обиде од девојчињата да направи модели уште кога имале само шест месеци, но бидејќи имала и постар син, и било премногу тешко да се посвети на мајчинството и кариерата на девојчињата.

„Мојот прв обид траеше кратко и решив дека не е вистинското време“, рече Џеки, додавајќи дека го чекала 7-миот роденден на девојчињата за да можат сами да одлучат дали сакаат да се занимаваат со таа професија.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

„Им реков на моите ќерки дека ако се подготвени, покрај танцување и пливање, можат да бидат и модели“, рече оваа мајка, коментирајќи дека тогаш почнале да скокаат од радост и дека едвај чекале да започнат. Жаки исто така истакна дека Ава и Леа сакаат да бидат во центарот на вниманието.

фото инстаграм
фото инстаграм

Девојчињата се многу популарни на Инстаграм, и до сега имаат 1,7 милиони следбеници.

Сепак, тие не се единствените кои добиваат комплименти – туку и изгледот на нивната мајка предизвикува коментари а обожавателите редовно и кажуваат дека и таа треба да се занимава со оваа професија и дека е јасно од кого близначките ја наследиле убавината.

фото инстаграм

Од друга страна, таа често се соочува со критики дека е лоша мајка која врши притисок врз нејзините деца, заработува пари и дека Ава и Леа изгледаат тажно додека позираат.

фото инстаграм

“Дали ги познавате моите ќерки? Очигледно не, штом давате вакви коментари. Ја ценам вашата грижа, но моите девојки се добро! Тие се среќни. Тие имаат неверојатно детство, многу пријатели со кои играат цело време. Една поза не ја дефинира нивната личност или квалитет на животот “, напиша Жаки.

фото инстаграм

“Многу луѓе претпоставуваат дека родителите заработуваат само затоа што гледаат колку работат нивните деца. Лага! Знам во нашиот случај и веројатно во повеќето случаи дека родителите даваат повеќе пари отколку што заработуваат за да ги издржуваат своите деца. Но, претпоставувам ако го погледнете сето тоа од одредена перспектива, ќе сфатите дека парите што ние како родители сега ги издвојуваме за да ги издржуваме нашите деца и да ги поддржиме во нешто што обожаваат да го прават, ќе им овозможи да заработат свои пари што ќе можат да ги користат за колеџ или да си купат автомобил или куќа во иднина, сепак не е толку лошо “, изјави таа за„ Сан “.

фото инстаграм

“Без разлика дали одат на шопинг, промовираат брендови или се сликаат со обожаватели, тие се забавуваат. Она што им е најважно е да имаат пријатели”.

Претходно истакна дека, без оглед на нивната популарност таа не им дозволува на нејзините ќерки близначки да отсуствуваат од училиште.

фото инстаграм

„Во случај да има ситуација да бидат ангажирани од одредена компанија, одат на приватни часови каде што тие го надополнуваат она што го пропуштиле на училиште“, рече таа, истакнувајќи:

фото инстаграм

„Кога не работат или не одат на училиште, пливаат, вежбаат, одат на часови за танцување или се дружат со деца од соседството.

фото инстаграм

Таа одговори и на прашањето зошто близнаците на повеќето фотографии се професионално нашминкани. „Индустријата тоа го бара од нив“, кратко прокоментира таа.

фото инстаграм

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close