Кафе муабет
Пред венчавката добила подарок од нејзината покojна мајка – Ема останала БЕЗ ЗБОРОВИ кога видела што пишува во пораката!
Имено, таа и купила на својата ќерка чевли за венчавката и на нив врежала посебна порака...
41 годишната Ема од Британија неколку месеци пред венчавката останала шокирана кога ја видела пораката од својата покojна мајка.
Имено пораката била испишана на чевлите а Ема не ни помислувала дека мајка и и посветила порака за најубавиот ден во нејзиниот живот, на кој таа требала да ја носи до олтарот.
Нејзината приказна се појави на Фејсбук во 2019 година, а оваа трогателна исповед ви ја пренесуваме во целост.
Имено, еден месец откако се вери со својот избраник во 2016 година, на нејзината мајка и беше дијагностициран ту-мор на белите дробови, а една година подоцна ја загуби битката со животот. Кога лекарите и рекле на нејзината мајка дека нема да го дочека најважниот ден во животот на нејзината најмила, таа најде начин да биде „присутна“ на венчавката на некој начин.
Имено, таа и купила на својата ќерка чевли за венчавката и на нив врежала посебна порака. Се разбира, Ема не знаеше за тоа, и дозна неколку месеци пред венчавката кога ги прими по пошта.
– Сакав да имаш подарок од мене на денот на твојата венчавка, а тоа се овие чевли. Се надевам дека ќе имате магичен ден. Многу љубов и големи прегратки – стои изрежано на чевлите однадвор во близина на петицата.
Идната невеста рече дека пораката ја „шокирала“:
– Почнав да плачам, бев скршена. Не можев да дишам и да зборувам – се сети Ема и продолжи:
– Незнаев за ова, мојот вереник знаеше. Тоа беше голем шок.
Патем, пред нејзината мајка да по-чине, таа им напишала писма на другите членови на семејството кога дознала дека има уште една година од животот.
Објавувањето на Фејсбук предизвика бројни реакции, а многумина признаа дека не можат да ги сопрат солзите.