Дом и семејство
Прв одмор со ќеркичката: Катарина Грујиќ сподели фотографија од малата Катја- нејзината наследничка е како вистинска кукла
Уживаат заедно...
Пејачката Катарина Грујиќ деновиве престојува на црногорското приморје каде има закажани бројни настапи.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/ката-е.png)
И покрај тоа што е многу посветена на работата сепак има време и за одмор, па слободното време го поминува со сопругот и ќеркичката Катја.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/ката.png)
Мајчинството и брачниот живот очигледно одлично и прилегаат бидејќи Ката се пофали со завидна фигура, но најмногу внимание несомнено привлекува ќерката на Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/ката-р.png)
Мама и нејзиното седуммесечно бебе го користат секој момент на најубав можен начин, а покрај уживањето во сонцето и другите активности, времето го поминуваат и во вечерни прошетки.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/ката-п.png)
Пејачката објави фотографија на која позира покрај базенот со нејзината наследничка во раце.Ката беше облечена во цветен мини фустан, а Катја ја дотера како вистинска принцеза во слатко фустанче и стегаче со голема машна.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/91967_katarina-grujic_iff.jpg)
– Мојот свет – напиша Ката во описот на оваа фотографија а многумина коментараа дека Катја е како кукла.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/ката-љ.png)
„Се здебелив некои 14 килограми во бременоста, што мислам дека е сосема нормално, жената колку и да се здебели во бременоста е нормално. Што и да јадеш, треба да јадеш. Така функционирав, но јас сум некој кој сака да се храни здраво, не ми беше тешко да ослабам, бидејќи рано почнав да тренирам“, изјави претходно Катарина.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/ката-д.png)
Катарина Грујиќ првиот настап го имаше само три месеци по породувањето.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/kata-1.png)
Таа во една прилика истакна дека мајчинството ја променило на подобро и дека заедно и рамноправно со сопругот Марко Гобељиќ ја одгледува ќерката Катја.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/марко-1-1.png)
“Мојот начин на живот се промени, но на подобро и поубаво.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/ката-насловна.png)
Многу сум поисполнета во животот. Улогата на мајка за мене е најважната и најубавата улога во животот што може да се случи. Сè што се променило се промени само на подобро“, вели Ката за „Блиц“ и додаде:
„Отсекогаш сум била одговорна личност, а сега треба да бидам уште поодговорна и навистина сум. Би дала се за ќерка ми во животот. Правам се за неа и поголемиот дел од времето го поминувам со неа. Ме промени тоа да сум само со неа и апсолутно ништо во животот не ме интересира освен неа, и секако после неа, мојата кариера. Како што истакнува нејзиниот избраник Марко Гобељиќ, добро му оди како татко, а веќе ја разгалил ќерката Катја“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/01/519709_kaca-sa-bebom_iff-716x1024.jpg)
Марко се покажа како најдобар што може.Сè прави барем со мене,освен што не менува пелена.Не му дозволувам да го прави тоа. Ама се на се ептен е добар. Тој веќе ја разгали, само ја прегрнува ја носи во раце, дефинитивно ќе ја размази повеќе кога ќе порасне, а јас веројатно ќе бидам построг родител“, вели Ката и истакнува дека бебето повеќе личи на таткото.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/05/kata-12.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/05/kata-11.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/ката-с.png)