Бременост
Прво видео од бременото стомаче: Познатата оскаровка чека близнаци на 49 години- ја одложи бременоста поради кариерата
Со нетрпение чека да стане мајка...
48-годишната актерка Хилари Свонк пред извесно време во јавноста откри дека е бремена за прв пат и носи близнаци.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/холари-е.png)
Деталите од бременоста ги открила во неодамнешното интервју за Екстра.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хилари-оњ.png)
Познатата оскаровка на почетокот на октомври откри дека таа и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер чекаат близнаци и посочи дека се чувствува добро, но некое време имала „напади на утринска мачнина“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хилари-ц.png)
– Пријателите ми рекоа дека кога чекаш близнаци, тоа ги зголемува хормоните, ја зголемува мачнината, зголемува сè, објасни актерката.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хилари-с.png)
Таа вели дека ја одложила бременоста поради кариерата и поради тоа што додека не го сретнала Филип не ја запознала вистинската личност со која ќе ги одгледува децата.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хилари-њ.png)
Таа неодамна откри дека близнаците треба да се родат на роденденот на нејзиниот татко.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хилари-всгфа.png)
– Прекрасно е, сè успеа, а татко ми, тој беше еден од моите омилени луѓе, тоа е како да оддаваш почит за животот со тоа што ќе се родат на неговиот роденден, рече таа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хилари-вс.png)
– Би бил среќен и многу возбуден за мене. Сакаше да имам се што сакам во животот и знам дека би бил среќен затоа што јас сум многу среќна, рече таа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хилари-в.png)
Оскаровката ги воодушеви сите кога во гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“ откри дека ќе стане мајка на близнаци.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хилари-о.png)
“Ова е нешто што долго го чекав, следното нешто што ќе ми се случи е да станам мајка. И тоа не на едно дете, туку на близнаци”, изјави Хилари Свонк и додаде дека е пресреќна за тоа, пренесува „Pagesix“.
„Се чувствувам одлично во моментов, но мојата облека почнува да се чувствува тесно“, се пошегува актерката, а потоа додаде: „Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хилари-н.png)
Актерката тогаш не откри дали ќе има деца со помош на сурогат мајка или самата е во блажена состојба, но со видеото кое што го објави сега се гледа нејзиното пораснато стомаче.
View this post on Instagram
Актерката и идна мајка е во брак со Филип Шнајдер од 2018 година, а зад неа е бракот со Чад Лоу, со кого се омажи во 1997 година, а се разведе во 2007 година.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хилари-п.png)
“Тоа беше сон од соништата, да се омажам за човекот од моите соништа покрај сите луѓе кои нè сакаат. Тоа беше остварување на сонот”, изјавила актерката во една прилика за венчавката со Филип.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/фстафњнгклг.png)
Меѓу нејзините први улоги се издвојува онаа во серијата „Беверли Хилс“ од 1997 година, во која ја играше самохраната мајка Карли Рејнолдс.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/уњиафг.png)
Таа е двократна оскаровка, престижната награда и ја донесоа главните улоги во филмовите „Девојка од милион долари“ и „Момчињата не плачат“ во 2004 и 1999 година. За овие актерски достигнувања и беше доделен и Златен глобус.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хичлари-рњ.png)
Таа е третата најмлада оскаровка во историјата.