Бебе
Прва фотографија од наследникот: Неџла два месеци по породувањето покажа како изгледа помалиот син
Гордата мама ужива додека бебето спие...
Познатата турска актерска двојка Бурак Озчивит и Фахрије Евџен на 18 јануари по втор пат се остварија во улога на родители и го добија синот на кого му го дадоа името Керем.
Името за кое станува збор доаѓа од арапскиот јазик, што значи „великодушност“ и „благородност“.
Сепак, парот не се огласуваше на социјалните мрежи речиси два месеци, туку си дозволија целосно да се посветат на новиот член на семејството.
Синот на Бурак и Фахрије Евџен, Каран доби помлад брат Керем и тој покажа дека е исклучително грижлив кон своето помало братче.
Пред неколку дена гордата мајка Фахрије реши да ги израдува своите фанови па на социјалните мрежи сподели фотографија и конечно го покажа и помалиот син.
Имено, таа објави фотографија од семејниот дом на која се гледа како ужива во убавиот ден на својата тераса додека друштво и прави помалиот син кој спие во количка.
Инаку, Бурак и Фахрије веќе го имаат синот Каран, кој се роди во 2019 година.
Бурак и Фахрије последен пат во јавноста беа видени како излегуваат од породилиштето носејќи го бебето во транспортер а на насобраните папараци им откриле дека се поминало во најдобар ред.
– Породувањето помина многу добро. Керем изгледа како Каран кога беше бебе. Господ да им даде на сите што сакаат ваква среќа – потенцираше Фахрије.
Бурак потоа додаде дека Каран е горд постар брат кој едвај го чека братчето.
– Реакцијата на Каран е неверојатна, едвај го чекаше. Искрено, не изненади – откри актерот.
Да потсетиме, Бурак Озчивит, на нашата публика и стана познат по улогата на Бали бег во серијата „Сулејман Величествениот“, а се запозна со Фахрије Евџен во 2013 година додека ја снимаа серијата „Дневникот на љубовта“. “.