Дом и семејство

Прва семејна фотографија на премиерката Брнабиќ од зимскиот одмор: Малиот Игор е пресреќен на скијање- Милица е вистинска убавица

Тие не ја кријат љубовта...

Српската премиерка Ана Брнабиќ со својата партнерка Милица Ѓурѓиќ и синот Игор не губат време и решија првите снежни денови да ги поминат на планина.

Долго време, пред да добијат син, премиерката и нејзината емотивна партнерка тоа го правеа сами во пар или во друштво, а кога го добија момчето се обидуваа уште од мал да му ја пренесат љубовта кон зимските спортови.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Игор беше само бебе кога првпат го изнесоа на снег и од тој момент, кога и да и дозволат професионалните обврски на Ана, со него патуваат во постудени предели.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Игор заедно со Ана и Милица ужива во бело пространство, а доказ за тоа е фотографија, која Ана несебично ја сподели со гледачите во една емисија.

фото принтскрин

На сликата можете да видите дека мајката и синот имаат целосна зимска опрема, што оди во прилог на фактот дека Игор веќе ја совладал патеката наменета за најмладите.

Се очекува да има и снежни топки и правење снешко, што ги прави Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ да не се разликуваат многу од другите родители.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Имено Ана не крие дека живее хармоничен живот со својата партнерка Милица а центарот на нивниот свет е синот Игор.

фото принтскрин

Семејството на Ана Брнабиќ е центарот на животот на премиерката, иако нејзиниот деловен распоред е многу збиен поради највисоката функција што ја има.

фото Стори.рс

Синот на Ана Брнабиќ видно порасна, а особено се истакнува неговата руса коса. Премиерката не крие дека семејството и е единствената слабост, а би сакала да има повеќе време за него.

фото Стори.рс

– Навистина ми е тешко што не можам да поминувам повеќе време со семејството, тоа е страшниот аспект на оваа работа. Но, кога ќе ги видиме резултатите од нашата работа, станува многу полесно – изјави претходно премиерката Брнабиќ.

фото Стори.рс

Ана и докторката не ја кријат љубовта, напротив премиерката на Србија секогаш е многу среќна и се чувствува убаво кога зборува за својата емотивна партнерка во медиумите, а речиси никогаш не заборава да го спомене и синот Игор кој е центар на нивниот свет.

фото Стори.рс

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close