Дом и семејство
Прва прошетка на Шехерезад со ќерката Лејла, сите и аплаудираа за ова што го направи!
Актерката доби низа пофалби поради тоа што ја дои ќеркичката во јавност...
Познатата актерка Бергузар Корел објави преслатка фотографија на која за прв пат во јавноста го покажува своето трето дете, ќеркичката Лејла.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад-2-1.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад-3-1.png)
Имено актерката ги воодушеви нејзините обожаватели на социјалните мрежи кои го следат секој нејзин чекор откако се оствари во улога на мајка по трет пат.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад-11.png)
Малата Лејла донесе нова радост во животот на турската актерка, а популарната Шехерезад и беше посветена од првиот ден, заедно со сопругот Халит Ергнеч.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/шехетрезад-6.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад-10.png)
Актерката реши да го помине времето со малата Лејла на јавно место, а тоа што го направи ги воодушеви сите.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад-3.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/01/77681_berguzar-korel-instagram-screenshot_iff-610x1024.png)
Имено, Бергузар ја доела својата ќерка во кафулето во кое седела, а многумина го поздравија овој потег, бидејќи актерката ги руши табуата за доење во јавност, што е сосема природна и неопходна појава.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/шехерезад-3.png)
Тешко и болно породување!
Турската актерска двојка која имавме можност да ја погледнеме во серијата „1001 ноќ“ неодамна по трет пат се остварја во улогата на родители.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад-1.png)
Убавата Шехерзада, актерката Бергузар Корел, го донесе своето трето дете, девојчето на кое му го даде името Лејла.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/07/шехерезад-15.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/шехерезад-1.png)
Актерката реши јавно да го сподели своето лично искуство од третото раѓање и посочи дека секое породување е разлилно.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/07/шехерезад-6.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад-6.png)
“Приказната на Лејла беше посебна од првиот ден. И покрај силната болка што ја чувствував, на прагот од болницата реков дека нема да го родам ова девојче до 10 часот. На крајот од 40-та недела, докторот ми објасни дека тоа беше причината зошто нашата девојка сè уште не беше подготвена.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад-4.png)
„Можеби папочната врвца е прекратка“, рече тој. Часовите минуваа и моето тело беше целосно подготвено за бебето да излезе. Сепак, таа одлучи да не држи во неизвесност. 11 болни часови поминати во болница Лејла се роди точно во 10 часот – како што мислев. Се роди со папочна врвца завиткана околу вратот и ме спречија да ја земам во раце. Иако се беше подготвено, Лејла се роди кога таа беше подготвена“, рече Бергузар.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад-5.png)
Актерката во објавата сподели и неколку фотографии од породувањето, а со тоа, покажувајќи храброст, порача дека секое бебе е различно, а со тоа и – секое раѓање.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад-8.png)
“Не планирајте ништо. Ова е нешто што си оди по својот пат. Важно е да имате искусен тим и лекар со кој вашата приватност и здравјето на бебето ќе бидат пред се”, рекла актерката.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/12/шехерезад-5.png)
Бергузар и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч (Сулејман Величествениот) се во среќен брак од 2009 година, а покрај девојчето Лејла, имаат и две момчиња, Али и Хан.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад-1-1.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/шехерезад.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/09/seherezad-3.png)