Кафе муабет
По 20 дена молчење конечно се огласи Јелена Ѓоковиќ- еве што кажа!
Прв пат се огласи на социјалните мрежи...
Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, по целиот скандал кој се случуваше со нејзиниот сопруг последниот период, дури сега реши јавно да се огласи на социјалните мрежи.
Многумина беа зачудени поради одлуката на Јелена да молчи за сето она што се случува, но очигледно таа чекаше да помине помпата па да се појави во јавноста.
Додека Новак доживуваше тиранија во Австралија, Јелена се огласи само еднаш, за Божиќ.
Овој пат, сопругата на светскиот број еден тенисер, се огласи, но не го спомна Новак, туку неговата фондација, чиј директор е таа.
– Почитувани наши родители и старатели, драго ни е што заедно дојдовме на деветтата работилница од нашата програма „Поддршка, НЕ совршенство“. Едвај ја чекаме десеттата работилница која ќе се одржи следната среда – напиша Јелена.
Инаку јавноста беше изненадена и од одлуката на Јелена, да не се појави на роденденот на нејзината свекрва, Дијана Ѓоковиќ.
Многумина коментираа дека тоа покажува дека односот меѓу снаата и свекрвата не се во добри односи, но некои пак беа на страната на Јелена и го земаа предвид фактот дека решија да биде далеку од очите на јавноста додека не се смират страстите околу случувањата со нејзиниот сопруг.
За потсетување, мајката на светски број еден тенисерот Новак Ѓоковиќ, Дијана Ѓоковиќ го прослави во ресторанот на нејзиниот син, но на прославата не присуствуваа сите членови на семејството.
Во присуство на синовите Новак и Ѓорѓе, Дијана Ѓоковиќ ги дуваше свеќичките на роденденската торта, без да ја симне широката насмевка од лицето.
Иако зад нив е период на тешка борба, семејството Ѓоковиќ е повторно обединето, а причината за прославата е одлична. Но, и во оваа ситуација не можеше да се сокрие семејниот конфликт меѓу свекрвата и снаата. Имено, додека Сашка Веселинов, девојката на најмладиот Ѓоковиќ беше со својот избраник на роденденот на нејзината идна свекрва, Јелена сепак не се појави, а честитките за Дијана изостанаа и на социјалните мрежи.
Јелена Ѓоковиќ веќе некое време не се појавува во јавноста, а исчезна за време на драмата што го снајде Новак во Мелбурн.
Додека сопругата на Новак Ѓоковиќ немо се бореше со болките поради случувањата на нејзиниот сопруг во Австралија, семејството на Новак Ѓоковиќ се бореше на улиците на Белград за неговата слобода. Но, ситуацијата не се променила кога Новак се вратил дома, Јелена продолжила да биде далеку од очите на медиумите, додека Ноле одлучил времето да го помине во друштво на семејството.