Дом и семејство

По 17 години доаѓа принова: Рафаел Надал пресреќен- го откри полот на бебето!

Чекаат син...

Откако се дозна дека по 17 години љубов, семејството на тенисерот Рафаел Надал и неговата сопруга Марија Франциска Перело наскоро ќе се прошири, шпанскиот магазин „Хола!“ сега се пишува дека парот го дознал и полот на бебето.

фото инстаграм/ Марија Франциска Перело

Како што беше објавено парот ќе добие син.

фото инстаграм/ Марија Франциска Перело

Веста за бременоста на  Марија Франциска Перело медиумите првпат ја објавија во јуни, откако таа беше видена во јавноста облечена во широка облека, а потоа Рафаел ја потврди среќната вест.

фото инстаграм/ Марија Франциска Перело

– Ако се биде добро, ќе станам татко. Не сум навикнат да зборувам за мојот приватен живот – изјави тогаш тенисерот.

Фото Инстаграм/Рафаел Надал

Веќе започнаа шпекулациите за името што би можеле да го изберат за својот син, па се претпоставува дека тоа би можело да биде Себастијан бидејќи тоа е името на таткото и прадедото на Рафаел.

Фото Инстаграм/Рафаел Надал

Марија Франциска Перело и Рафаел беа во врска 14 години пред да се венчаат во 2019 година.

фото инстаграм/ Марија Франциска Перело

Таа е инаку позната по тоа што ретко или не се појавува во јавноста. И двајцата се таинствени и не сакаат да се фалат со својот приватен  живот. Перело не патува ниту на натпревари со Надал затоа што, како што еднаш изјави, тоа не би било добро за него ниту за неа.

Фото Инстаграм/Рафаел Надал

-„Му треба простор кога се натпреварува, а самата помисла да го чекам цел ден да го заврши она што треба и да шетам наоколу ме изморува. Тоа би ме задушило. Тој би морал да се грижи за мене… Ако го следам насекаде, мислам дека постои ризик да престанеме да се договараме“, рече таа.

Фото Инстаграм/Рафаел Надал

„Дури и кога семејството ме прашува за него, јас не кажувам многу. Факт е дека едноставно не се чувствувам удобно да зборувам за мојот приватен живот. И тоа му се допаѓа на Рафаел. Не сакаме тоа да се промени“.

Фото Инстаграм/Рафаел Надал

Надал и Марија ја започнаа својата врска во 2005 година, иако пред тоа се познаваа неколку години.
Во јануари 2019 година, се свршија, а следниот октомври следеше свадба со 350 гости во прекрасниот замок Ла Форталеза на Мајорка.

фото инстаграм/Марија Франческа Перело

Интересно е што и самиот Надал неколку пати истакна дека би сакал еден ден да стане татко.

фото инстаграм/Марија Франческа Перело

„Би сакал да имам деца: момчиња, девојчиња… Сакам деца и сум семеен човек. Мислам дека децата треба да бидат над се. Затоа, не сум сигурен дека е идеално време да ги имам, додека постојано патувам. Тоа треба да го одреди мојот спортски живот“, истакна тој во 2017 година.

фото инстаграм/Марија Франческа Перело

Но, потоа нагласи дека можеби е најдобро да се чека вистинскиот момент, односно крајот на професионалната кариера.

фото инстаграм/Марија Франческа Перело

Убавата бринета и понатаму е многу дискретна и ненаметлива, па и покрај тоа што е најголема поддршка на нејзиниот сопруг во секоја смисла, таа често не е физички присутна на трибините додека Надал игра некои од решавачките мечеви.

Фото Инстаграм/Рафаел Надал

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close