Кафе муабет

По шокантната изјава за разводот Ацо Пејовиќ откри уште една пикантерија за него и сопругата

Пејовиќ откри како Билјана реагира кога се враќа пијан од кафеана...

Фолкерот Ацо Пејовиќ изјави дека сака да се релаксира со музика и пијалоци, но и дека тоа многу и пречи на неговата поубава половина.

фото архива

„Мојата сопруга не можеше да ги поднесе моите боемски вечери. Десет дена не разговараше со мене, па се смируваше. Беше тензично се додека не попушти.. – вели Пејовиќ за Хит.

Фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

Тој додава дека во овие ситуации дава се од себе да се помири:

Фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

– Тогаш не помагаат ниту цвеќињата, ниту подароци! Морам да се покажам со некои добри фори.
Ацо вели дека обожава да нарачува и пее песни од Тома Здравковиќ додека е во кафеана а често и самиот ги изведува на неговите настапи. Пејачот е горд што филмот „Тома“ во кој ги пееше песните на Здравковиќ постигна голем успех.

фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

– Фала му на Бога, филмот за Тома се случи затоа што тој тоа го заслужи. Новите генерации кои не го познавале, а ги слушале неговите песни, сега го запознале неговиот лик и дело. Имаше и убави и лоши работи во животот, но беше вистински шармер, боем и голем уметник – вели Пејовиќ и додава дека тој и Здравковиќ сепак се разликуваат во едно:

Фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

– Ги сакам кафеаните, сакам пиење, сакам песни и тоа е тоа! Не сакам да се споредувам со Тома но она по што се разликуваме е тоа што не сакам коцкање. Тој беше страстен коцкар, а јас никогаш не се коцкав. Не знам ни да играм покер!

фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

За потсетување, неодамна актерот со една изјава предизвика бура од реакции кај неговите фанови, кои помислија дека тој се разведува од неговата Билјана.

Фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

Пејовиќ вели дека е многу задоволен од оваа година токму поради тоа што на професионален план беше одлична за него. Имено тој вели дека е среќен поради тоа што новата 2022 ќе ја дочека со својата публика.

фото инстаграм/Ацо Пејовиќ

Сепак, пејачот се осврна и на загубата на негови драги луѓе…
2021 година ми беше одлична, задоволен сум, на деловен план ми е најважно да сме здрави, се друго ќе си дојде и ќе си оди“, рече Ацо, а потоа се потсети на тешките моменти оваа година.

фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

„Многу ми е жал и ми беше тешко. Многумина што заминаа, од Тозовац до Маринко, сега да не заборавам некого, но многу тажно, навистина ми е жал. Мериме, Мрка кој ми беше пријател, го доживував како дел од сцената, жалам за многу од овие луѓе и мислам дека никогаш не било како последниве две години, не оставија толку многу луѓе, уметници од различни индустрии, познати личности. Се разбира, сето тоа остави трага, “, рече тој.

фото архива

За се поголемиот број на разводи Ацо вели дека според него подобро е партнерите да се разведат отколку да имаат лош брак. Ацо ја откри и тајната за неговиот успешен брак…

„Луѓето се разведуваат, тоа се случува. Подобро добар развод отколку лош брак. Луѓето едноставно пропуштаат некои работи, фала богу што имам среќа. Мислам дека најосновната работа во бракот е толеранцијата, да успееш да толерираш некои работи, сите сме различни, сите грешиме, ако не знаеш да ја простиш која е целта на живеење, заеднички живот и се. Толеранција е нешто што мора да го има во бракот“, заклучува Пејовиќ за Република.

фото архива

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close