Кафе муабет

По овие момчиња полуде светот: Влад и Ники се вистински ѕвезди- заработуваат од YouTube а ги следат 56 милиони луѓе!

Момчињата кои се вистински ѕвезди на Јутјуб

Младите момчиња Влад и Ники Вашкетов, буквално го освоија светот со своите видеа на платформата YouTube.

 

Тие својата кариера како јутубери ја започнаа во 2018 година, а од тогаш до сега имаат голем успех. Нивните видеа ги објавуваат на 16 канали преведени на 13 јазици.

 

Темите со кои се занимаваат се интересни за деца од предучилишна возраст и ученици од пониско основно училиште.

Во интервју за магазинот „People“ Викториа, мајката на момчињата изјавила дека децата најпрво гледале вакви видеа на Youtube за потоа и самите да посакаат да го прават истото.

“Момчињата гледаа видеа на други деца на Јутјуб и сакаа да го сторат истото. Тие имаат смисла за хумор, па јас и мојот сопруг Сергеј се прашавме зошто да не? Сергеј започна  да ги снима за време на викендите кога не беше на работа и така започна сè”, открива таа во интервју за списанието.

 

 

Таа признава дека на почетокот не очекувала дека нејзините  синови ќе станат толку популарни. Како што публиката растела, така растеле и нивните знаења за производство, монтажа и специјални ефекти.

“Започна како забавна семејна активност и се претвори во семејно хоби. Влад и Ники го претставуваат нашето семејство. Фантастично е што играме, уживаме заедно и развиваме емоции додека снимаме”, додава мајката, која има и едногодишен син Кристијан.

Некои од најпопуларните видеа на ова весело дуо имаат повеќе од 500 милиони прегледи.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close