Кафе муабет

Поранешниот сопруг на Весна Змијанац е доктор на науки, никогаш не се експонира во јавност, бесен е на Николија зошто тргнала по стапките на мајка си- еве како изгледа

Тој се прежени и има две деца...

За Весна Змијанац знаеме многу, но нејзиниот поранешен сопруг е речиси непознат за јавноста.

ФОТО: Инстаграм/ Весна Змијанац

Влада Јовановиќ е доктор на економски науки, а своевремено работеше и како маркетинг шеф на РТС.

ФОТО: Инстаграм/ Весна Змијанац

Николија ја почитува одлуката на нејзиниот татко да не се експонира во медиумите, но има одличен однос со него, но и со нејзината мајка.

фото инстаграм/Весна Змијанац

„Имам совршени односи и со мајка ми и со татко ми. Тато никогаш не сакаше да биде експониран во медиумите и ние ја почитуваме таа одлука. Ситуации во кои се потпирам на татко ми? Па, исто како и на мајка ми. Се потпирам на фактот дека тие ме сакаат и она што јас го сакам кај нив е сета поддршка што ми треба од нив. Кога си помал, кога си дете, мама и тато се за тебе се на светот и тие беа столбот на кој се потпирав целиот мој живот, но сега го имам Реља и моите деца и од нив ја добивам и им ја давам сета моја љубов“, рече Николија која не го поднесе лесно разводот на своите родители.

фото принтскрин инстаграм

„Кога бев дете материјално ништо не ми недостасуваше, ниту мајка ми, ниту татко ми, но тие беа разведени и како дете секогаш имав две спални соби, две бироа, два плакари… Сонував за да имам само една соба, еден плакар, биро.Тоа изобилство секогаш ме растажуваше, затоа што сакав да бидат заедно“, изјави Николија која еднаш откри дека нејзиниот татко не бил пресреќен што тргнала по стапките на нејзината мајка.

ФОТО: Инстаграм/ Весна Змијанац

Татко ми е „алергичен“ на се што има врска со шоу-бизнисот, од периодот кога беше со мајка ми. Тој како доктор на науки не би ме советувал да пеам“, изјавила во една прилика Николија за еден магазин.

ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм

По разводот од Весна, Влада повторно се оженил и во вториот брак добил уште две деца, ќерката Теодора и синот Лука.

ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм

Инаку Николија Јовановиќ минатата година роди уште една ќерка, а постарата Реа која ја доби во вонбрачна заедница со раперот Реља Поповиќ, доби помала сестра.

ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм

Во едно интервју Николија откри дека дури сега ја сфатила грешката што ја направила кога пред медиумите го открила името на нејзината постара ќерка, но тоа се случило, како што истакна, бидејќи тогаш била еуфорична и новинарите ја чекаа пред породилиштето.

ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм

– Сега кога сето ова се среди, јас и Реља донесовме одлука децата целосно да ги отстраниме од медиумите. Кога велам медиуми, мислам и на социјалните мрежи – објасни Јовановиќ, очигледно алудирајќи на јавни личности кои постојано истакнуваат дека нивните деца не се јавни личности, но постојано ги споделуваат нивните фотографии и снимки на профилите на социјалните мрежи каде што ги следат десетици илјади луѓе.

ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм

– Јас и Реља сакаме да им дадеме слобода на нашите ќерки да изберат дали сакаат да бидат јавни личности кога ќе пораснат, бидејќи ако сега го направиме тоа од нив, тие нема да го имаат тој избор, како што јас немав – рече пејачката за „Премиера“.

ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм

За потсетување, снимките на Николија од најраното детство можеше да ги види цела поранешна Југославија, бидејќи нејзината мајка Весна Змијанац дури ја ангажираше да биде дел од еден нејзин видео запис.

Фото Фејсбук/Николија Јовановиќ

Пред извесно време пејачката отири дека таа и нејзиниот партнер Реља Поповиќ ги делат обврските околу нивните ќерки, но и нејзината мајка Весна Змијанац и помага кога тоа ќе и го дозволат обврските.
„Јас и Реља ги делиме обврските 50:50. Мајка ми нема слободен викенд до февруари. Се восхитувам од каде доаѓа нејзината сила. Кога ми го прочита нејзиниот репертоар и датумите сфатив дека нема да се видиме наскоро. Исто е и со Реља. Има снимања, настапи…“, изјави Николија за Блиц.

фото инстаграм/Весна Змијанац

„Јас и Реља си го чуваме приватниот живот. Мојата среќа е секако голема, иако не секогаш ја споделувам со медиумите и обожавателите затоа што едноставно ги одвојувам приватното и деловното. Да го вратам времето, нема да го откријам ниту името на првото дете. Имаше еуфорија и медиумите беа пред породилиштето кога ја родив Реа. Сега се ни се среди и решивме да ги криеме децата од медиумите и социјалните мрежи“, изјавила пејачката.

Фото Фејсбук/Николија Јовановиќ
ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм
ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close