Новости

Поради погрешна дијагноза завршив на психијатрија: Потресна исповед на 24 годишна девојка која денес е познат модел!

По три месеци лекување со погрешна дијагноза докторите ја утврдите болеста на Луси

24 годишната Луси Доусон од Британија поминала вистинска голгота, откако добила погрешна дијагноза и била затворена во психијатриско одделение.

За среќа денеска оваа храбра девојка успеа да се избори со болеста, и стана успешен модел.

Луси живеела нормален студентски живот и се забавувала со пријателите се додека еден ден болеста не ја легнала во болнички кревет.

Нејзините проблеми започнале пред четири години кога таа почнала да доживува интензивна мигрена. Луси станала депресивна и поминувала долго време во кревет.

„Моите пријатели ми рекоа дека јас сум сосема поинаква и променета од претходно, повеќе не се смеев, бев депресивна рече таа, за Мирор.

Потоа имала два нервни напади. Искршила речиси се што имала во нејзината соба, а започна да се смее и плаче истовремено, врескала на сиот глас дека никогаш нема да најде момче. Тогаш нејзините родители ја однеле во болница, а по пат Луси се обидела да скокне од автомобилот и да ги скине завесите во чекалната во болницата.

 

На одделот за психијатрија каде ја однеле, и дале антипсихотични коктели, а телото почнало да слабее. Лекарите им рекле на нејзините родители дека најверојатно нема да се избори.

Но, Луси не била психички болна, по три месеци лекарите конечно и поставиле правилна дијагноза и откриле дека таа боледува од ретка болест, енцефалитис, воспаление на мозокот што може да предизвика неврни напади, но и см*т.

„Мислев дека имам нервен слом цело време, но всушност бев болна. Секој ден зборував се помалку, не ја гледав поентата на животот. На крајот станав кататоничен – не можев воопшто да се движам, не можев да зборувам, не ги препознавав моите најблиски … Не знаев каде сум ниту која сум.

Лекарите мислеа дека тој ќе почине, па започнаа со мали дози на електрошок терапија.

На нејзиниот 21-ви роденден, третата терапија како да го разбуди нејзиниот мозок.

„Не знам како се случи ова, со оглед на тоа што навистина мислев дека ќе умр*м“, рече таа.

Луси за чудо се опорави, но излезе од болницата со инвалидска количка.

Имено, при еден напад, таа паднала од креветот и се изгорела на радијаторот, толку лошо што го оштетила нервот на едната нога.

Но, храбрата девојка не се откажа, иако оди со помош на патерици, успеа да го заврши факултетот и во меѓувреме стана манекенка.

 

Таа сега го споделува своето искуство за надминување на енцефалитисот на социјалните мрежи и го користи секој момент за да им помогне на другите.

– Мојата најголема цел е еден ден, ако некој пријател или член на семејството почне да се однесува чудно, луѓето да се сетат на мене како една девојка од Инстаграм која имаше таква дијагноза. Можеби ќе успеам да спасам нечиј живот, завршува Луси.

 

 

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close