Кафе муабет

ПОМИНАА 26 ГОДИНИ ОД СВАДБАТА НА ДЕЦЕНИЈАТА: На венчавката на Цеца и Аркан беше цела естрада- за овој детал се уште се зборува!

Цеца и Аркан ги имаат децата Вељко и Анастасија...

Поминаа 26 години откако фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ се омажи за покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан на 19 февруари, а за нивната венчавка се зборуваше не само во цела Југославија, туку и многу пошироко.

„Свадбата на деценијата“, како што многумина ја нарекуваа, беше пренесувана во живо на телевизија, а пред да заминат за родниот град на Цеца, Житораѓа, во вила на улицата Љутице Богдана, свештеникот прочита молитва за среќен пат, проследена со колона од шеесет возила кои во шест наутро отишле во родното место на Светлана Цеца, потоа Велишковиќ. Жељко Ражнатовиќ Аркан носеше црногорска народна носија, додека Светлана беше во српска носија.

фото принтскрин

По два часа патување, тие пристигнаа во Житораѓа, а потоа го следеа традиционалниот српски обичај – пукање со пушка со јаболко. Само од шести пат младоженецот успеа да го сруши малото јаболко. Следуваше купувањето на невестата, а главната улога во таа приказна ја играа сестрите на Аркан и на Цеца. Аркан прво даде неколку германски марки, а кога Лидија рече дека не е доволно, Ражнатовиќ повика момче кое отвори пред себе чанта, во која имаше огромна сума пари и скапа дијамантска нараквица. Но, тоа не беше доволно, па младоженецот од раката го симна златниот часовник и вредниот прстен, а истото го сторија и неговите пријатели.

фото принтскрин

Голем број свештеници присуствуваа на оваа венчавка, а Цеца влезе во црквата во раскошна венчаница, која ја носеше и нејзината снаа Богдана 24 години подоцна, во ноември 2019 година, на црковната венчавка со Вељко Ражнатовиќ.

Кума на Светлана Ражнатовиќ беше Маја Павиќ, тогаш една од најпознатите ТВ водителки, додека кум беше Борислав Пелевиќ. Бидермаерот беше фатен од сестрата на Цеца, Лидија.

фото принтскрин

По венчавката, младенците ја напуштиле црквата Свети Архангел Гаврил и се упатиле кон семејната куќа, каде што ги пречекала мајката на Жељко, Славка Јосифовиќ, која и подарила на Цеца златник. Потоа таа ја изговори реченицата: „Јас ви го подарувам овој златник, кој е од 1700 година. Од мојата прабаба. Бракот нека биде среќен и долготраен “.

Потоа, младенците отишле во најголемиот хотел во Белград во тие години, каде ги чекале повеќе од 800 гости. Гостите со громогласен аплауз го дочекаа доаѓањето на младенците, а Цеца и Аркан се пресоблекоа по трет пат. По народната носија и венчаницата, невестата носеше долг бел фустан, додека младоженецот смокинг.

Меѓу гостите во хотелот во тоа време имало бројни јавни личности, од политичари до пејачи и спортисти. Масите беа украсени со цвеќиња кои пристигнаа од Холандија, додека младинската торта тежеше повеќе од 70 килограми. Бендот на Цеца свиреше на прославата, како и два оркестри на труба. Во еден момент, младенците играа оро, и наскоро целиот подиум беше полн со разиграни гости.

Првата песна на свадбата ја отпеа Мерима Његомир, песната „Рузмарин“. После народната музика, следуваше забавна, а гостите се радуваа до раните утрински часови.

Микрофонот на венчавката го зедоа Ана Бекута, Мира Шкориќ, Шабан Чаулиќ, Џеј, Лепа Лукиќ, Нада Топчагиќ, Вики Миjковиќ и многу други.

Самата невеста ги пееше песните „Џурџевдан“, „Зајди зајди“ и „Врањанка“.

Младенците први ја напуштија свадбената веселба, сакајќи да ги почитуваат традицијата и обичаите.

Нивната љубовна приказна почна и заврши на истото место!

Љубовната приказна на Светлана Цеца Ражнатовиќ, тогаш Величковиќ и Жељко Ражнатовиќ почна во далечната 1993 година во еден ресторан. Сепак, кога се верија и кога ја планираа свадбата, таа отиде кај родителите и им ја соопшти својата одлука. Многумина не знаат каде Цеца првпат го видела Жељко.

„Бев во Германија и на бензинска пумпа купив „Пл ејбој“ каде го видов човекот на мојот живот. Налетав на интервју со Жељко Ражнатовиќ. Не разбирав што пишува, само гледав во неговата фотографија зошто многу ми се допадна. Беше тоа најмажествен и најзгоден маж кој некогаш сум го видела во животот. Помислив: „Значи тоа е тој Аркан!“ Единствено за што размислував е дека сакам да сум жена на такво мажиште“, рече Цеца во една прилика.

Судбоносниот момент меѓу Цеца и Аркан се случил на 2. ноември 1993 година во хотелот „Интерконтинетал“. Цеца била жена во која Ражнатовиќ се вљубил на прв поглед.

„Потоа пристигна повик од менаџерот Бане Стојановиќ за, заедно со Џеј и Оливер Мандиќ да се појавам во Ердут. За време на смотрата седевме на страна и чекавме да почне. Го забележав на стотина метри. Стоев до некој генерал и прокоментирав: „Уф, какво маче! Кој е овој тип? Срамота како изгледа! Човекот само што не се шлогираше. „Дали си нормална? Тоа е командант“. Кога не запозна Оливер, Жељко рече: „Дали си ти таа ѕвезда која јас редовно ја шишам? Без истрaуматизирaна, исплaшена. Се збунив“, раскажа Цеца.

„Јас него во викав Буцко, тој мене Цецко. Ми нудеше сигурност каква што жените сакаат. Се фалеше дека сум го фатила на слатко, купувајќи му чоколадо. Не, Аркан мене ми купуваше чоколадо. Запознав едно сосема поинакво суштество од она што го замислував. Јас него прва го бакнав!

Аркан е навистина строг, но само кон војcката. Сосема е поинаков човек во приватниот живот, тој е еден многу добар човек“, говореше Цеца која во почетокот на родителите не смеела да им каже со кого е во врска.

„Им реков дека ќе се мажам за Жељко. Мајка ми рече: „За Шашиќ? Прекрасно. Тој е одлично момче“. Татко ми не се мешаше во тоа. Само ме погледна и ми рече: „А Шашиќ?“ А јас им викам: „Каков Шашиќ? Се мажам за Жељко Ражнатовиќ Аркан!“ Луѓето само што не попаднаа. Можеби и претходно нешто наслушнале, но се надеваа дека ќе помине. Тогаш татко ми стана сериозен: „Ако го направиш тоа, јас ќе се одречам од тебе!“ Знаев дека само ме заплашува. „Можете сите да се испотепате, јас ќе се омажам за него зошто го обожавам“, им реков. И кога Жељко првпат дојде кај нас, се фукционираше како според рецепт“, раскажа во една прилика најпопуларната пејачка на балканските простори.

Аркан пред венчавката морал да добие благослов од црквата за склопување на брак зошто бил 21 година постар од Цеца и зад себе имал три бракови. Се венчале на 19 февруари, а репортерите на „Њујорк Тајмс“ ја снимале нивната венчавка.

Фолк ѕвездата од бракот со Аркан доби две деца, ќерката Анастасија и синот Жељко.

Аркан има 4 деца, Милена, Никола, Воин и Маша. Инаку Аркан има и три деца од вонбрачна врска, кои сите ги признал.

Покрај нив, ги има и наследниците со Светлана Цеца Ражњатовиќ, Анасрасија и Вељко, вкупно девет деца.

Жељко Ражњатовиќ – Аркан имал дури девет деца, од кои шест од неговите два брака. Четири од првиот со сопругата Наталија Мартиновиќ, две од бракот со Цеца, а три му се деца од вонбрачни врски.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close