Кафе муабет
Познатата турска актерка се породи, а нејзиниот сопруг милијардер го откри името на бебето
Медиумите јавија дека и мајката и детето се добро
Познатата турка актерка, Џејда Атеш, на публиката на овие простори најмногу позната по телевизиските серии „Дете“ и „Девојката која се викаше Фериха“, вчера се оствари во најважната улога во својот живот.
Имено, 31 годишната актерка стана мајка, а како што пишуваат турските медиуми, таа и турскиот бизнисмен Бугра Топлусои добија девојче.
Шармантната актерка и сопругот решиле на својата ќерка да и го дадат името Тајла, а бидејќи овие вести актерката се уште не ги споделила официјално, за среќните настани во семејството се уште нема многу информации.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda.jpg)
Но турските медиуми пренесуваат дека породувањето поминало без проблеми и дека мајката и детето се добро.
Инаку, малата Тајла е првото дете на познатиот пар кои своето судбинско „да“ го кажаа во 2018 година.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda31.jpg)
Но како што и самата призна во една пригода, нивниот однос бил на „лабави нозе“, и тоа заради семејството на Бугра.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda28.jpg)
Тој наводно е наследник на едно од најбогатите семејства во цела Турција, а неговиот татко се противел на врската со Џејда бидејќи сметал дека таа не се вклопува во неговиот имиџ и стил на живот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda30.jpg)
Кога почнале да разговараат за брак, неговото богато семејство на почетокот не сакало ни да слушне за тоа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda29.jpg)
Но богатиот Бугра не се откажа од својата сакана и ја однесе во Америка, каде има своја компанија и со помош на семејството постигна голем успех. Па така откако по некое време сфатиле дека тие навистина се заљубени еден во друг и дека нивните емоции се искрени, ја прифатија нивната врска.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda12.jpg)
Венчавката беше во Америка, во најтесен круг на пријатели и семејството, бидеји не сакаа голема прослава, а на гостите им кажаа наместо подароци парите да ги донираат на луѓето што имаат потреба за тоа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda26.jpg)
„Не сакавме да ги коментираме медиумските објави. Имаше многу невистинити тврдења, но не сакавме да се грижиме за трачевите и така само да додадеме масло на огнот. Оставивме да се зборува и го водевме својот живот. Имаше почетни недоразбирања, но денес сме во одличен однос со неговото семејство. Често се посетуваме и одиме заедно на годишни одмори, истакна своевремено познатата актерка“, која денес живее во Америка.
„Деновите ми се пријатни и исполнети. Јас сум човек кој никогаш не седи со вкрстени раце. Одам на часови по глума кај Родни Роуланд. Цртам и сликам, се надевам дека ќе имам и изложба тука. Јас навистина го посакувам тоа. Јавам професионално, па тоа го правам и во Америка. Спортот е секогаш присутен во мојот живот каде и да сум. Јас и мојот сопруг Бугра патуваме и откриваме нови места. Убаво ни е, а наскоро ќе имаме и бебе, наше мало девојче“, зборуваше своевремено актерката, која во Америка се пресели пред две години, откако се омажи за сопругот Бугра.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda16.jpg)
Главната причина поради која одлучи да преземе толку голем чекор беше, како што вели таа, довербата во саканиот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda1.jpg)
„Како прво, јас имам многу голема доверба во мојот сопруг. Не се сомневав дека нашата среќа ќе преживее во сите услови. И секогаш сакав да живеам во Америка “, вели бремената актерка. Како и да е, таа верува дека детето не може да го „реши“ бракот ако односите веќе се нарушени, а исто така го кажа и она што го мисли за оние што сакаат да го зацврснат бракот со принова.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda20.jpg)
„Мислам дека создавање на една таква голема одговорност како што е дете за да се спаси еден брак не е во ред. Ако бракот не е добар, тоа е штета за детето. Кога ќе пукнат некои работи, не е лесно да се поправат“ изјави таа порано.
„Погрешно е да се вклучи и дете во едни такви услови “, изјави Џејда пред неколку месеци.
Таа и за време на бременоста изгледаше убаво, а откри дека вежба и дека се грижи за нејзиниот изглед. И додека го очекуваше своето бебе, таа редовно ги следеше нејзините серии. Таа се обидуваше да види дали има грешки што треба да се поправат, за да биде што е можно подобра во нејзината работа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda14.jpg)
Таа има намера да се врати на работа по породувањето, па нема да се изненадиме ако за брзо време повторно ја видиме на малите екрани.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda24.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda23.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda21.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda25.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda19.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda15.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda14.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda10.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda11.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda9.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda8.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda6.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda7.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/dzejda5.jpg)