Кафе муабет
Познатата манекенка објави фотографија два дена по породувањето- Можно ли е да изгледа вака?
Го роди вториот син Теодор...
Манекенката Софија Милошевиќ го доби вториот син со фудбалерот Лука Јовиќ, а сега за прв пат се огласи по породувањето и ја сподели радосната вест со своите следбеници.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/софија-2.png)
-Се уште доаѓаме на себе, но најважно е дека јас и бебето сме добро и се помина во најдобар ред. Јас и Лука сме пресреќни што родив уште едно прекрасно и здраво момче и што по втор пат се реализирав во улогата на мајка. Не успевам да одговорам на сите пораки и честитки, се трудам да уживам во моментот, но благодарна сум за сета поддршка што ја добивме – вели манекенката.
Софија се породи во Мадрид, а како што објавија медиумите бебето се вика Теодор.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/sofija18.jpg)
Таа и Лука веќе го имаат синот Алексеј, а манекенката истакнува дека би сакала да има девојче.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/софија-бдхдц.png)
Да потсетиме, Лука Јовиќ не беше со Софија за време на породувањето бидејќи имаше пријателски натпревар во Данска со репрезентацијата. Веднаш по натпреварот, фудбалерот отпатува за главниот град на Шпанија.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/софија-гдхудф.png)
Како што еднаш изјави Лука, тој и Софија планираат свадба во Белград и сакаат големо семејство.
Софија Милошевиќ во понеделникот рано наутро го роди вториот син Теодор.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/sofija16.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/sofija17.jpg)
Инаку, сега на својот Инстаграм Софија објави фотографија направена само два дена по породувањето на која се гледа дека воопшто нема стомак.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/2966593_screenshot-6_ff-589x1024.jpg)
Ти благодарам мамо, напиша таа во описот, што очигледно би значело дека генетиката ја наследила од мајка си.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/софија-џбџцд.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/софијааа.png)
За потсетување, Софија ја поврзуваа со сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/софијаасјс.png)
Имено во медиумите на големо се пишуваше дека тој и го простил неверството на Карлеуша со Огњен Вранеш токму поради неговата афера со Софија Милошевиќ која воедно е и многу добра пријателка на Карлеуша.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/софија-5.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/софија-5р.png)
Ваквите вести за наводната врска со Душко, Софија ги демантираше…
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/софија-гдхудф.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/софија-сењфд.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/софија-ц.png)