Дом и семејство

Погледнете во каков фраер порасна Коста, синот на Дара Бубамара- тој е копија на тато (ФОТО)

Пејачката е горда на него...

Иако се разведоа а од нивниот брак го имаат синот Коста, Дара Бубамара и Милан Ќесиќ се вистински пример за тоа како треба да се функционира по разделбата.

фото инстаграм/Дара Бубамара

Тие останаа во одлични односи а наклонетоста, пријателството и разбирањето ја негуваат од самиот почеток до денес.

фото инстаграм/Дара Бубамара

Синот на Дара Бубамара и Милан Кесиќ е секако најсреќен поради совршената хармонија меѓу неговите родители кои подеднакво се трудат да му ја дадат сета љубов, топлина и растење во здрава средина и покрај тоа што семејството не е заедно.

фото инстаграм/Дара Бубамара

За тоа сведочи и најновата објава која пејачката ја сподели на „Инстаграм“, и на сите им стави до знаење дека и таа ужива во семејната атмосфера со бившиот сопруг и синот.

фото инстаграм/Дара Бубамара

Гордите родители решија да го почестат единственото дете со прекрасно патување во Шпанија, а со оглед на тоа што синот на Дара Бубамара не се експонира јавно, и малку се оние прилики кога можеме да го видиме сепак овие фотографии се вистинска сензација и очекувано, привлекоа големо внимание во јавноста.

фото инстаграм/Дара Бубамара

– Мојот син – напишала Дара кратко и јасно со емотикон на срце, додека со синот позирала покрај катедралата во Барселона, а Коста доби низа комплименти и не може да не се забележи дека сега е вистински фраер.

фото инстаграм/Дара Бубамара

Пејачката во неколку наврати потенцираше дека Коста е скромно, културно и воспитно момче и дека е многу горда на него.

фото инстаграм/Дара Бубамара

– Коста е мојот најголем успех во животот. Веќе две години оди во англиско училиште во Белград, зборува англиски, француски и шпански. Го сакам тоа што има српски и француски пасош. Јас сум многу добро организирана кога е мојот син во прашање.

фото инстаграм/Дара Бубамара

– Јас и Милан функционираме многу добро, 99 проценти од браковите не функционираат толку добро како ние двајца, иако не сме во брак. Тој е мојот најдобар пријател, а јас сум негов. Не знам ни зошто се разведовме кога живееме толку добро. Неговите родители ме обожаваа, како и моите него. Минатата година имавме трагедии. Татко ми почина, а исто така починаа таткото и мајката на Милан. Сепак, бевме заедно во таа болка. Ние живееме за семејството, тоа ни е се. Јас правам планови според нив.
За синот вели дека е многу скромен иако добива се.

фото инстаграм/Дара Бубамара

– Порасна во убаво, добро и воспитно момче, кое не е арогантно, туку скромно. Нема кој да го разгалува. Добар ученик е, оди на тренинг… Често велам дека повеќе тренира од Роналдо во свое време, ха-ха. Оди на ватерполо, атлетика, има спортски дух. Често ми вели: „Мамо, сакам да успеам поради тебе и тато!“ Тој сака да стане познат фудбалер.

фото инстаграм/Дара Бубамара

– Го воспитувам на начинот на кој ме воспитуваа татко ми и мајка ми. Бев принцеза на татко ми, тој никогаш не го крена гласот на мене. И јас сум таков тип – ако ти си добар со мене, јас сум уште подобра со тебе. Јас сум му како пријател, многу зборуваме, доста е зрел. Милан е малку построг, но тоа ми се допаѓа, нека биде некој авторитет.

фото инстаграм/Дара Бубамара

– Коста е дете кое не бара ништо. И има се. Му го купивме најдобриот компјутер во регионот, а тој вели: „О, мамо, не беше потребно“. Сами му купуваме, мислејќи дека му треба. Но тој не сакаше нов телефон, беше среќен со тој што го имаше. Често се расправаме. Се заканува дека ќе го подари тоа што ќе му го купиме без негова желба, откри Дара во една прилика.

фото инстаграм/Дара Бубамара

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close