Кафе муабет

Погледнете во каков луксуз ужива Роналдо со своето семејство – овој детаљ ќе ве воодушеви!

Тој сака да троши на недвижен имот, па инвестираше во прекрасна вила каде со семејството сака да го помнува одморот...

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на светот во последните 15 години. Неговите достигнувања му донесоа милиони. Својот луксуз го споделува со неговите четири деца и свршеничка Георгина Родригез.

foto Instagram/ Cristiano Ronaldo
foto Instagram/ Cristiano Ronaldo
foto Instagram/ Cristiano Ronaldo

Среќното семејство на славниот фудбалер живее во Италија откако Роналдо потпиша договор со „Јувентус“, и заврши едно големо поглавје со кралскиот клуб „Реал Мадрид“.

foto Instagram/ Cristiano Ronaldo
foto Instagram/ Cristiano Ronaldo
foto Instagram/ Cristiano Ronaldo

Сепак, неговиот дом не е единствениот луксуз што го има Роналдо. Тој сака да троши на недвижен имот, па инвестираше во прекрасна вила каде со семејството сака да го помнува одморот, чија вредност се проценува на 15 милиони евра.

foto Instagram/ Cristiano Ronaldo
foto Instagram/ Cristiano Ronaldo

Роналдо, меѓу другото, има и куќа за одмор во Шпанија. Вилата се наоѓа во ексклузивна луксузна нова зграда од осум приватни вили наречена „The Heights“.

 

foto Instagram/ Cristiano Ronaldo

Оваа луксузна вила нуди целосна интимност и се наоѓа веднаш до теренот за голф La Resina а локално е сè попознат како „Superstars Cul de Sac“.

Самата вила е монолитен објект со чисти модерни линии и остра бела фасада, што вешто е во контраст со чистата сина околина на океанот.

foto Instagram/ Cristiano Ronaldo

Високите тавани и пространите панорамски прозорци обезбедуваат доволно природно осветлување за да се пополнат просториите за живеење , додека елегантното лебдечко скалило ги поврзува двете нивоа.

Пространиот главен стан може да се пофали со масивна гардероба за сите тие фудбалски чизми, приватна бања и, се разбира, заносен поглед на море.

фото азра.ба
фото азра.ба
фото азра.ба

Станот во Лисабон зрачи од луксуз

Како што веќе напоменавме Роналдо обожава своите пари да ги вложува во недвижнини, па пред две години тој се поднови и со стан во Лисабон.

Фото: Голдерс/ Вангуард Пропертис
Фото: Голдерс/ Вангуард Пропертис

Во прашање е стан кој се наоѓа на адресата „Castilho 203“ во квартот Аведина де Либердате во Лисабон, а како што пренесуваат медиумите, досега никој не платил толку голема сума за станче во овој град, па ни во цела Португалија. За да го добие овој фасцинантен стан кој има 300 метри квадратни, требаше да се натпреварува на лицитација со уште двајца милионери и да победи.

Фото: Голдерс/ Вангуард Пропертис
Фото: Голдерс/ Вангуард Пропертис
Фото: Голдерс/ Вангуард Пропертис

Роналдо во оваа резиденција има голема теретана која личи на аптека и базен на врвот од зградата бидејќи станот му е пентхаус на врвот Кастила.

Во станот има и сауна и три големи спални соби во кои фудбалерот ужива со својата убава сопруга и нивните четири деца, од кои две се близнаци.

Фото: Голдерс/ Вангуард Пропертис

Станот се наоѓа во близина на Паркот Едвард Седми а тоа е блиску до квартот во кој како играч на Спортинг од Лисабон го помина детството.

Возниот парк на Кристијано Роналдо вреден 18 милиони евра

Роналдо е еден од десетте среќни луѓе во светот што минатата година успеа да го добие новиот Бугати.

фото Гламур.мк
фото Гламур.мк

Цената на целата колекција што ја поседува е над 18 милиони евра.

Во февруари минатата година, тој доби мерцедес Mercedes G-Wagon Brabus вреден скоро 700.000 евра од неговата девојка Георгина. Сепак, најскапиот миленик во неговата гаража е Бугати.

Покрај тоа што е голем обожавател на Бугати, Роналдо поседува и Ламборџини Авентадор, Ролс-Ројс, Шевролет Камаро, Ферари Ф12 ТДФ, Ренџ Ровер Спорт, Мерцедес АМГ ГЛЕ 63, Мекларен и Бентли Континентал.

фото Гламур.мк
фото Гламур.мк
фото Гламур.мк
фото Гламур.мк

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close