Кафе муабет
Пејачот Дарко Лазиќ ќе стане татко по трет пат: Барбара е бремена?
Дарко и Барбара не спомнаа ништо на таа тема, ниту порано зборуваа за планирање дете рече мајката на пејачот...
Откако ја раскина веридбата со Марина, Дарко започна љубовна врска со Барбара Бобак.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/darko-lazic.jpg)
Откако во медиумите излезе веста дека Барбара Бобак е бремена, се огласи и мајката на Дарко, Бранка Лазиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/darko.jpg)
Имено, како што пишуваат медиумите, Барбара има симптоми набременост, гадење и вртоглавица, а таа и Дарко се надеваат дека е бремена и посакуваат наскоро да добијат дете.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/07/darko-8.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/darko10.jpg)
– Немам поим, првпат го слушам ова. Ништо не сум слушнала од нив, но не верувам, претпоставувам дека јас прво ќе знаев и тие ќе ми кажеа – изјави мајката на Дарко за Телеграф Џетсет.
– Дарко и Барбара не спомнаа ништо на таа тема, ниту порано зборуваа за планирање дете – додаде Бранка.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/darkolazic2.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/darkolazic13.jpg)
Дарко не одговори на повиците и не се огласи во врска со оваа тема.
Инаку, Дарко и Барбара се многу блиски, на почетокот ја криеја својата романса, но повеќе не се двоумат да покажат дека се сакаат и уживаат заедно, за што сведочат бројните слики и видеа на социјалните мрежи.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/lazicdarko1.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/darkolazic.jpg)
Да потсетиме, откако ја раскина веридбата со Марина Гагиќ, со која го има синот Алексеј, Лазиќ влезе во романса со Барбара. Покрај Алексеј, Дарко ја има и ќерката Лорена, која ја доби од бракот со пејачката Ана Севиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/07/darko-1.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/darkolazic6.jpg)
Пред извесно време тој реши да се огласи и истакна дека всушност децата се најважното нешто за него.
Тој зборуваше за Ана Севиќ со која ја има ќерката Лорена и за Марина Гагиќ со која има син Алексеј, а во разговор за „Еспресо“ истакна дека неговото семејство е многу важно за него.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/darkolazic11.jpg)
– Никогаш не би ги избегнал во животот, работам многу. Ана има свои обврски, Марина исто така, секогаш кога сум слободен го користам времето за да ги видам децата. Моето семејство е многу важно за мене, моите деца се мојата света крв – рече Дарко.
Во медиумите постојано се пишува за несогласувањата на поранешната на Дарко и Барбара кои постојано си упатуваат коментари една на друга.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/08/даркооо1.png)
Имено како што вели Барбара Бобак наводно Марина, поранешната на Дарко со која го има синот Алексеј е љубоморна на нивната врска.
– Кој по ѓаволите го боли повеќе за Марина? Зошто се меша во нашата врска кога воопшто не ја споменуваме и е тотално неважна за нас? Јас и Дарко уживаме, таа девојка е љубоморна на нас. Не обрнувам внимание на нејзините закани, таа ми е смешна. Секако, утре како сопруга на Дарко ќе бидам мајка на нејзиниот син, не знам што ја мачи? – истакна Бобак.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/darko8.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/07/дарко-4.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/07/дарко-5.png)
Имено капката што ја прелеа чашата беше кога Барбара изјави дека малиот Алексеј, синот на Марина и Дарко ја нарекува „мама“, поради што Гагиќ реши да ангажира адвокат и да се јави на суд.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/07/дарко-3.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/12/darko4-1.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/darko3.jpg)
– Марина полуде кога виде што зборува Барбара за неа. Не можеше да издржи, па му се јави на Дарко и му рече дека очекува да ја заштити како мајка на неговиот син и дека не смее да дозволи никој да ја прозива. Дарко и рече дека не знае за што се работи и дека дефинитивно ќе провери за што станува збор. Сепак, Барбара продолжи со провокации и тој не реагираше. Затоа Марина му испрати порака и рече дека го тужела и дека ќе реши сè за алиментација и старателство на суд. Таа доживеа нервен слом кога Барбара за медиумите изјави дека Алексеј ја вика мамо – вели изворот.