Кафе муабет

Пејачката сподели НАЈУБАВИ ВЕСТИ: Ова го чекаше цели 24 години додека беше со Грашо- Данијела Мартиновиќ блеска од среќа

Данијела конечно е среќна и заљубена...

Јавноста беше шокирана кога Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо соопштија дека се разделуваат по 24 години.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Од тогаш поминаа две години, секој од нив продолжи понатаму со животот, Петар се ожени со ќерката на неговиот долгогодишен пријател Тончи Хулиќ и доби ќерка на која и го дадоа името Алба а за Данијела многу малку се знаеше по раскинувањето, се до пред извесно време.

фото инстаграм/Петар Грашо

Пејачката откри дека е заљубена и дека го пронашла вистинскиот маж за неа.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Сплитската пејачка веќе извесно време е во врска со криминалистичкиот инспектор Јосип Плавиќ.
Данијела откри дека се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат пред околу една година преку Интернет поднел пријава за кражба на идентитет.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Неодамна пејачката присуствуваше на отворање на продавница во Омиш и ја заинтригира јавноста. Имено, таа на раката носеше прстен за кој многумина се посомневаа дека е свршувачки.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Навистина сум среќна, нема што да се додаде или одземе од тоа, изјави Даниела која на настанот носеше впечатлив прстен со бисер.

-Прстенот е подарок, но нема да откријам од кого е, нека биде тајна, изјави пејачката за 24 часа.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Инаку претходно Данијела за јавноста откри и како го запознала својот партнер.

фото Глорија.хр

– Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време во разговор и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа, изјави Даниела за Глорија.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Пејачката откри дека нивната љубовна приказна е необична и ќе се најде во нејзините идни песни.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Кога најнеобичните околности ќе спојат двајца апсолутни странци, кои дотогаш не знаеле ништо еден за друг, тогаш, секако, ви паѓа на памет дека тоа би можело да биде филмско сценарио. Поминуваме низ многу убави моменти за кои во иднина секако ќе се изразувам во литературата бидејќи сакам оваа приказна да биде снимена.

фото Глорија.рс

Блиска пријателка на Данијела за Слободна Далмација откри дека пејачката е пресреќна и исполнета.

Фото Јутарни.хр

-Таа е вљубена во него и јас сум навистина среќна поради тоа. Заслужи покрај себе да има вистински маж кој неизмерно ја сака, почитува и цени. Имаат слични ликови, се согласуваат за многу работи и конечно мислам дека Данијела го најде човекот на својот живот – изјави таа.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close