Кафе муабет

ПАРОТ КОЈ ГО ОСВОИ БАЛКАНОТ: Направија свадба како од најубавата филмска сцена- го кажаа судбоносното “ДА” на зајдисонце, боси и среќни!

Петар и Тамара уживаат во љубовта...

Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина станаа еден од најпопуларните парови во регионот откако ја освоија јавноста со улогите во филмот Тома.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Пред пет години тие беа главни актери на својата венчавка, во сцени од бајките снимени на Ада Бојана.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Свадба на плажа, со семејството и драги пријатели, за која сонуваат многу парови, Тамара и Петар ја претворија во реалност. Летото 2016 година се венчаа во Црна Гора, а сцените од брегот сè уште можат да послужат како инспирација за многу „парови“.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Убава невеста во долг бел фустан со чамец стигнала до брегот во придружба на нејзиниот татко, каде што ја чекал младоженецот облечен во бел ленен костум.

Застанаа пред матичарот боси, насмеани и среќни.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Кога во 2016 година во медиумите стигна веста дека Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина стапнале на „лудиот камен“, со денови се зборуваше за нивната бајковита свадба. И оттогаш, па до денес, нивната венчавка важи за една од најнеобичните свадби на Балканот.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

По желба на Тамара, Петар ја организираше нивната венчавка на Ада Бојана, во присуство на семејството и најблиските пријатели. Секој детал од тој ден беше остварување на сонот на Тамара, а присутните ја окарактеризираа венчавката како најдобрата забава на која биле присутни некогаш.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

-Се чувствував нереално, како во бајка или најубав сон, а кога се приближив до бродот и ги видов сите тие убави и позитивни насмеани луѓе, како изгледа сето тоа на плажа, морам да признаам дека не знам што точно мислев во тој момент. Толку многу позитивни мисли ми се вртеа низ главата… Нешто навистина посебно и неповторливо – рече Тамара за Story.rs веднаш по венчавката.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Петар и Тамара се во брак речиси шест години а имаат и две деца.

За потсетување Тамара ја играше улогата на Силвана Арменулиќ во филмот за Тома Здравковиќ, додека нејзиниот сопруг го играше докторот на Тома.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close