Кафе муабет
Откриена голема тајна за бракот на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ: Оваа пејачка и помогна да се омажи за него- ОВА НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕШЕ!
Таа го освои срцето на Поповиќ...
Еден од најмоќните луѓе во домашниот шоубизнис, Саша Поповиќ, како што сите знаат, повеќе од две децении ужива во хармоничен брак со Сузана Јовановиќ.
Иако неговата сегашна сопруга беше единствената која на 43 години успеа да го однесе пред матичар, со него се поврзуваат бројни познати и помалку познати дами, а една од нив е популарната пејачка Злата Петровиќ, со која, според медиумите, дури планирал и свадба.
Имено, Сузана Јовановиќ и Злата Петровиќ некогаш беа лути ривалки, но и покрај различните приказни за нивната врска како и тоа што многумина се обидоа да ги разделат, пејачките и како што некои велат ривалките не обрнуваат внимание на озборувањата во градот, и негуваат пријателски однос кој може да послужи како пример за многумина.
Дека Сузана Јовановиќ и Злата Петровиќ се сепак многу добри пријателки може да се заклучи од нивната заедничка фотографија од забавата на која позираат видно расположени и во тип-топ форма.
Дека нема лоша крв во нивната врска поради минатото сведочи и изјавата која своевремено ја даде Сузана Јовановиќ, откривајќи дека Злата е таа што им донела среќа на неа и на Саша.
– Злата ми помогна да се омажам за Саша. На нејзината свадба јас бев таа што го фати бидермаерот. Веднаш потоа се омажив за Саша – изјави еднаш Сузана Јовановиќ.
Инаку Сузана од првиот брак го има синот Данијел за кој е познато дека Саша Поповиќ го одгледа како свој, а од бракот со директорот на Гранд ја има ќерката Александра.