Дом и семејство

Омилената водителка од Практична жена ги отвори вратите од својот дом: Како од бајка, секој детал ќе ви го одземе здивот!

Водителката ужива во простран дом со своето семејство...

Домот на водителката на емисијата „Практична жена“, Наташа Павловиќ и нејзиниот сопруг Предраг, пред се е уреден според потребите на нивните деца.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

Собите на нејзините синови се сон на секое момче.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

Додека постариот Олег спие во кревет во форма на формула, помладиот Јан е опкружен со неговите омилени играчки или подобро кажано оружје од сите можни форми, а има и неколку кадифени мечиња.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

Добар дел од просторот е посветен на книги, и сликовници. Наташа, како и секоја посветена мајка, е максимално вклучена во обврските на својот ученик, единаесетгодишниот Олег, а неговиот помал брат се обидува да го имитира во се.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

– Не сакам да одам во градинка, сакам да одам на училиште. Дајте ми тетратки – ги откри Наташа желбите на своето четиригодишно дете.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

Наташа Павловиќ со задоволство ги споделува со своите следбеници на Инстаграм практичните совети кои ги собрала додека работела на популарната емисија која жените ја обожаваат. Кога и се расипал замрзнувачот, на сите им покажала не само како изгледа нејзината кујна, туку и што има во замрзнувачот, односно која од понудената храна може да се подготви веднаш за да не се расипе.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

Инаку Наташа е во среќен брак со продуцентот Предраг а во неколку наврати истакна дека разбирањето е клучно за хармоничен брак, а во едно интервју се осврна и на неговото минато.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

– Кога еден млад човек ќе се заљуби, тој веднаш сака свадба и деца, бидејќи смета дека таа љубов ќе трае вечно. Сепак, за двајцата е важно да проживеат многу работи, за бракот подоцна да биде похармоничен и да не „полудат“ во педесеттите години – истакна таа еднаш за „Стори“, додавајќи дека сакала да знае што точно тој преживеал пред неа.

foto ekskluziva.ba
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

– Го испитав детално, па кога сфатив дека имал „милион“ жени, дека излегувал, патувал и направил се што треба да направи еден млад човек, тогаш реков – супер. Не дека не ми пречеше што има толку многу жени во неговиот живот, но ми беше мило затоа што знаев дека ќе може да ме цени повеќе. Мислев дека научил што сака и што не сака, исто како мене – додаде Наташа, заклучувајќи ја приказната со зборовите:

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

– Му ја раскажав целата своја историја, само моето минато не беше бурно како неговото. Но, имав многу можности да заклучам што сакам и врз основа на моето и искуството на моите пријатели. На триесет години, вие сте зрел човек, но сигурно не бевте зрели и пред тоа. Не велам дека не можете да најдете партнер за цел живот, но тоа е чисто коцкање. Секој ден му заблагодарувам на Бога што чекав и што ништо не направив набрзина, истакна водителката.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close