Кафе муабет

ОДБЕРЕТЕ ЕДНА ОД ОВИЕ ВЕНЧАНИЦИ И ОТКРИЈТЕ КАКОВ ЌЕ ВИ БИДЕ БРАКОТ: Ако ја одберете оваа, подобро да не се мажите!

Венчаницата открива каков ќе ви биде бракот...

Свадбата е најубавиот чин за една невеста, денот кој се памети засекогаш.

Токму поради тоа секоја девојка сака да изгледа како принцеза од бајките, па одбира венчаница за која сонувала целиот живот.

Но сепак треба да се внимава со изборот на венчаница, а доказ за тоа се четирите венчаници на фотографиите.

Овие венчаници ги носеа познати невести чиј исход од бракот е добро познат. Изберете една од овие креации и откријте каков ќе ви биде бракот.

Лажна бајка

Доколку се решивте за венчаницата со број еден, тогаш вие избравте тешка комбинација. Британската кралица Викторија имаше навидум совршена венчаница. Таков беше и нејзиниот брак. Се омажи за германскиот принц Алберт и за 17 години брак роди девет деца. Двојката била опседната со секс, но тоа не им била единствената опсесија. Викторија беше болно амбициозна и како мајка и како сопруга, а нејзиниот сопруг започна да ја презема нејзината работа поради нејзината бременост, а со тоа и дел од нејзината моќ. Иако тие се однесуваа како двојка од каталогот опкружени со насмеани деца, реалноста беше поинаква. Историчарите тврдат дека по смртта на Алберт, Викторија носела само црно – но дека и олеснало. Внимавајте на свадбените желби од бајките.

Независна и Неизвесна

Вие ја одбравте венчаницата два, која ја носеше Кејти Холмс. Таа беше златно дете на Холивуд и се омажи за Том Круз во 2006 година. Бракот траеше шест години, а парот ја има ќерката Сури. Сите го сметаа Круз за совршен сопруг сè додека не излезе на виделина нечистотијата од неговиот приватен живот. Неговата посветеност на саентолошката црква се појави и поранешните сопружници влегоа во жестока битка за старателство над нивната ќерка. Кејти откри дека после тој брак „често плачела“, но таа е решена да се избори со тешкотиите и да си го врати животот во нормала. Вие сте независна и модерна личност и дури и да направите грешка, повторно ќе го пронајдете вистинскиот пат.

Неверојатна љубовна приказна

Иако Кејт Мос важи за една од најубавите жени во светот, сепак таа речиси и да се откажа од среќата во љубовта – сè додека не го најде сопругот на Интернет, таа буквално го гуглаше својот сопруг Џејми Хајнс. Веднаш штом се сретна со рокерот, тие сфатија дека се еден за друг, и сега се во среќен брак.  Инаку, нејзиниот пат кон среќата беше трнлив. Таа беше со наркозависникот Пит Доерти и јавно рече дека е срамежлива. Па девојки, не плашете се, можеби треба само да бакнете неколку жаби за да дојдете до принцот. Но, барем Кејт има стил.

Најдобро да не се омажиш

Венчаницата со број 4 ја носеше принцезата Дијана, но доколку и вие ја избравте неа, треба да знаете дека ова е веројатно најлошата комбинација што постои. Принцезата беше и остана запаметена како најпопуларната принцеза во светот, но тоа не и донесе ништо добро. Таа беше омажена за британскиот принц Чарлс, но тие велат дека била многу несреќна. Паралелно со нивниот брак, тој имаше врска и со Камила, за која на крајот се ожени. Измамена и постојано следена, Лејди Ди на крајот загина во сообраќајна несреќа во Париз, далеку од дома и нејзините деца Хари и Вилијам. „Проклетството“ на тоа семејство се чини дека ќе продолжи бидејќи бракот на Кејт Мидлтон и го уништи животот на нејзината сестра Пипи.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close