Кафе муабет

ОВОЈ ЧОВЕК ПРЕД САМО НЕКОЛКУ ГОДИНИ БИЛ БЕЗДОМНИК: Сега е милионер, благодарение на ова!

Успеал поради неговиот пријател...

Оваа неверојатна приказна на 46 годишниот Калил Рафити буквално го обиколи светот.

foto instagram

Имено тој пред само 13 години бил бездомник а денес заработува милиони благодарение на поддршката од еден негов пријател.

Доколку го погледнете Калил денес, никако не би помислиле дека тој некогаш бил бездомник и на работ на см тта.

Денес е опкружен со незамислив луксуз и живее живот за кој никогаш немал смелост ниту да сонува, а еве како го постигна тоа.

foto instagram

Калил Рафити се спротивставува на изреката дека „не можете да научите нови финти на старо куче“.

Кога ќе го погледнете неговиот Инстаграм, гледате слика на успешен човек кој се грижи за себе, заработува милиони и се чини дека нема никакви грижи.

Сепак, пред само 13 години, тој не смееше ниту да сонува да живее вака.

Калил беше бездомник и зависник од опијат пред 13 години. Тој беше на работ на смтта, и имаше само 48 килограми. Живееше во  ужасна сиромаштија, но тој ја имаше највредната работа – пријател кој веруваше во него.

Тој пријател исто така го убедил да започне сопствен бизнис со природни сокови. Тоа му даде верба на Калил кој започна да прави природни сокови според неговиот рецепт.

За почеток, тој ги направи првите сокови за пациенти во центарот за рехабилитација Ривиера.

Во истата институција, тој практично се врати во живот.

Наскоро, тој започна да ги продава своите сокови во Малибу.

Му требаше некое време да се прослави и наскоро ја основа својата сопствена продукција и компанија „Sunlife Organics“.

Пет години подоцна, тој имаше свој ланец продавници со природни сокови. Клиентите се вљубиле во неговите мешавини, кои содржеле, меѓу другото, алкална вода, хималајска сол и лисја од глуварче.

Покрај неговите сокови, баровите служеа и коктели, кафе и замрзнат јогурт. Она што го направи славен е смутито на кое му го даде името „Волверин“, направено од овесна каша и банани.

Наскоро, познати личности почнаа да доаѓаат во неговите локали. Меѓу неговите клиенти се и Ентони Кидис од групата „Red Hot Chili Peppers“, но и Арнолд Шварценегер.

Тој практично изгради мултимилионска империја, а неговите вработени секогаш истакнуваат дека му се особено благодарни за односот што го има со нив.

Калил, велат тие, никогаш не ги заборавил своите почетоци и затоа неговата грижа за благосостојбата на вработените е секогаш на прво место.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close