Кафе муабет
Ова се идните свекор и свекрва на Анастасија Ражнатовиќ: Се шушкаше дека не се согласуваат, но бременоста на наследничката на Цеца промени се!
Сите со нетрпение ја очекуваат внуката...
Во јавноста на големо се пишуваше за односот на Анастасија Ражнатовиќ и мајката на нејзиниот избраник, фудбалерот на Севиња, Немања Гудељ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/04/анастасија.png)
Воглавно сите написи беа дека младата пејачка и Оливера Гудељ не се согласуваат бидејќи таа многу се мешала во врската но до денес ниту една од нив не се огласи по оваа тема.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/04/анастасија-596x1024.jpg)
Инаку Анастасија е во четвртиот месец од бременоста и со своето момче го очекуваат своето прво дете, кое ќе биде девојче.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/04/сџедфргѓ.png)
Небојша и Оливера Гудељ, родителите на Немања Гудељ, се идните свекор и свекрва на наследничката на Цеца Ражнатовиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/11/небојша-л.png)
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ ја заинтригираа јавноста со својата врска уште од самиот почеток, а особено сега кога се дозна дека ќе станат родители.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/11/небојша-пс.png)
Анастасија моментално е бремена во четвртиот месец, а бебето ќе се роди на почетокот на октомври.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/11/небојша.png)
Како што пренесуваат тамошните медиуми, младиот пар планира да организира интимна венчавка само за своите најблиски роднини и пријатели во јули оваа година во Севиља, а следната година ќе следи гала венчавка и црковна венчавка.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/gudelj-ye.png)
Идните свекор и свекрва на Анастасија не сакаат претерано да се експонираат во јавноста. Небојша по потекло од Требиње, кариерата ја започна во Босна од каде дојде во Партизан каде помина цели три години.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/12/gudew.png)
Во текот на својата фудбалска кариера играше и за шпанските клубови Логронес и Леганес. Девет години помина во Холандија каде ги бранеше боите на Бреда за која одигра дури 300 натпревари. Кариерата ја заврши во Спарта во 2006 година.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/гудељ.png)
Таткото на Немања и по кариерата остана во светот на фудбалот. Моментално е технички директор на кинескиот клуб Хубеи Истар.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/11/немања.png)
Како што во една прилика откри Небојша, столбот на семејството Гудељ е неговата сопруга Оливера, која носи се на свои раменици, почнувајќи од тренинзите, патувањата и карантинот на Небојша, па завршувајќи со воспитувањето на нејзините три деца, кои ги изведе на правилен пат речиси сама.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/12/2anas_sUt-605x1024.jpg)
Дека Оливера му е многу важна на Немања и дека и е благодарен за се, покажуваат и сликите на неговиот Инстаграм, каде често објавува фотографии со својата мајка.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/gudelj-ke.png)