Дом и семејство

ОВА МОМЧЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ ГИ ОСВОИ СИТЕ СИМПАТИИ: Кога ќе слушнете како пее нема да останете рамнодушни!

Малиот Таонга стана хит на социјалните мрежи

Тригодишниот Тaонга Пеита од Нов Зеланд буквално стана хит на социјалните мрежи откако неговата мајка објави видео во кое тој пее и се движи во ритамот на музиката.

Фото Фејсбук

Имено детето го гледаше шоуто „Америка има талент“ и со многу емоции го запеа хитот на Алиша Кис „Girl on Fire“ со замислен микрофон, плескаше и замавна со колковите.

Мајката на Таонга, Миранда Шакел (42), вели дека малото момче никогаш не било заинтересирано за телевизија, но дека секогаш сакал да слуша музика во друштво на своето семејство. Тоанга доби многу обожаватели на Интернет, а клипот од 36 секунди имаше 14 милиони прегледи на Фејсбук и собра 381.000 лајкови и коментари.

Фото Фејсбук

Таонга и неговите постари браќа Далас (5) и Грејсон (4) често пати ги пеат своите омилени песни дома и лесно ги учат текстовите.

Фото Фејсбук

– Таонга обожава музика. Тој само извикува: „(“Girl on Fire“).

Мајката на Миранда сега го користи слухот на Таонга за да го научи на поедноставна верзија на знаковниот јазик – Макатон.

Фото Фејсбук

– Таонга совршено памети зборови. Кога сме во автомобилот, тој постојано пее и сите се прашуваме од каде го научи тоа. Тоа е неговиот начин на комуникација и поврзување со другите – вели мајката.

Музиката го одвлекува вниманието за време на лекарските прегледи, и ако му пуштат погрешна песна, тој тоа на сите им го става до знаење.

Фото Фејсбук

– Почнува да вика: „Не“, „Не!“. Тој знае што сака и како да ве извести. Тој дефинитивно е шеф во куќата.

Фото Фејсбук
Фото Фејсбук
Фото Фејсбук
Фото Фејсбук
Фото Фејсбук
Фото Фејсбук

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close