Новости
ОВА Е КУЧЕТО ХЕРОЈ ШТО СПАСИ ЖЕНА ОД УРНАТИНИТЕ ВО ХРВАТСКА- Сакале да го погубат, а денес тој е најдоброто куче трагач!
Драко успеа да ја пронајде жената која остана затрупана во својата канцеларија
Кучето Драко е вистински херој.
Драко е првиот заслужен за пронаоѓање на жртвите под урнатините од земјотресот кој ја погоди Хрватска.
Имено приказната за ова куче е трогателна, бидејќи Драко сакале да го погубат, поради тоа што бил многу агресивен во прифатилиштето, но сепак Круно Стипетиќ веруваше дека му треба само една шанса.
И тој беше во право. Драко, првиот душкач на HGSS е херојот кој успеа да ја пронајде жената која остана затрупана во својата канцеларија во зградата на администрацијата во Петриња.
Овој Фејсбук статус кој се рашири брзо меѓу корисниците е вистинит…
Имено, членот на HGSS, Круно Стипетиќ и неговото куче Драко биле во Карловац кога пристигнала веста за земјотресот, а еден час откако ја дознале веста тие биле во Петриња. Овој неразделен тим за пребарување веднаш започна да помага во потрагата по затрупаните.
Една од зградите што ја пребаруваа заедно беше и онаа на градското собрание во Петриња. Имено, постоеше сомневање дека едно лице останало внатре.
Една од просториите на градското собрание беше покриена со тули и вратата беше блокирана. Откако пожарникарите и GSS успеаа да го расчистат теренот, Драко влегол внатре и брзо го лоцирал лицето.
Неговиот сопственик Круно Стипетиќ, му ја препушти целата заслуга на овој успех на Драко.
Како што изјави Круно за Јутарњи лист, тој не бил тој што го пронашол лицето под урнатините, туку кучето.
Двајцата веднаш тргнале на понатамошно пребарување, а пожарникарите и GSS ја извлекле жената од под тулите.
Колку што беше висока вратата од канцеларијата, толку многу тули и бетон имаше внатре. Копавме четири часа за да ја извадиме, рече Златко Пјеќ, командант на Новата противпожарна бригада во Новска.
Вработената останала сама во просторијата на вториот кат.
– Кога започна да се тресе, некако успеала да се заштити со канцеларискиот стол и тоа ја спасило. Таа беше намирисана од кучиња трагачи, некако успеавме да комуницираме со неа. Тогаш започна тешкиот дел, копавме, за да ја спасиме- рече Пјеќ.
Зградите во центарот на Петриња беа скоро целосно уништени.
Инаку, Круно го доби Драко кога имаше само една година. И покрај советите да го успијат поради неговата агресија, тој не сакаше да се откаже од него.
По два часа дојде мојот тим, ми честиташе и го бакна кучето, рече Круно за Јутарњи.
Кога имал две и пол години, Драко, како што пишува Јутарњи, го поминал тестот за агресивност беспрекорно и поминал на првата лиценца, една од најтешките во Европа.
Дуото наскоро стана незаменлив дел од скоро сите GSS- потраги.
Инаку овој земјотрес беше најсилниот земјотрес што ја погоди Хрватска.
Луѓето во Петриња се извлекуваа од урнатините.
Еве како изгледаше Петриња ден по земјотресот…