Кафе муабет

Оваа прекрасна жена беше НАЈГОЛЕМАТА љубов во животот на Тоше Проески

Иако беа физички разделени, нивната љубов никогаш не заврши ...

Ова е жената што Тоше најмногу ја сакаше

Пред 13 години цела Македонија и регионот беа шокирани по веста дека пејачот Тоше Проески настрада во сообраќајна несреќа.

Неговите бројни фанови се уште се интересираат за деталите од неговиот живот, како и за неговата најголема љубов.

Во прашање е поранешната манекенка Благица Бети Мицова Ристовска која со Тоше се запознала во 1998 година.

Нивната врска траеше до 2002 година, а заради притисокот од популарноста, Тоше и Благица решија да ја прекинат врската.

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Или барем така беше за јавноста, додека извори кои биле блиски со нив во тоа време и што добро ги познавале, тврдат дека тие никогаш не престанале да се гледаат се до трагичниот крај. Благица е прекрасна девојка во која Тоше беше вљубен, и наводно беше неговата единствена вистинска љубов.

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

А кога телохранителот на Тоше Проески, Ицо Панајотивиќ, во една пригода откри дека постои една девојка која најмногу ја сакал и која и ден денес оди на неговиот гроб, многумина тогаш ја препознаа токму Благица, која по потекло беше од Неготино, а за време на студиите живееше во Скопје.

Принтскрин

Нејзините пораки се уште стојат во телефонот на Проески, а тие наводно биле во контакт се до последниот ден.

Приватна архива

Иако беа физички разделени, нивната љубов беше секогаш присутна, а Тоше постојано и ги праќаше билетите за своите концерти.

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Благица во една пригода изјави дека нема никогаш да даде интервју и дека нема да ја открие детали од нивната приватност.

Имено, Благица никогаш не сакаше јавно да зборува за Тоше. Таа, по неговиот трагичен крај, и покрај десетиците понуди да ја раскаже нивната љубовна приказна, од најголемите медиумски куќи од поранешните југословенски републики, не даде ниту едно интервју. Најтешки денови ги помина со неговата мајка, Доминика, а денес е среќно омажена, има деца и е позната како голема хуманитарка која секогаш радо се вклучува во акции за помош на болните деца.

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

„Знам дека јавноста сака да ги знае и деталите од мојата љубов со Тоше, но јас досега немам дадено интервју и ја немам откриено нашата приватност. Тоа ќе остане така засекогаш“, изјави Благица за еден медиум во 2014 година.

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close