MAMA

Оваа жена е бремена на 51 година и ќе ја роди својата внука – наместо нејзината неплодна ќерка

„Ова е многу необична ситуација“

Џули Лавинг покажа дека мајчинската љубов нема граници – таа заради својата ќерка и нејзиниот проблем со плодноста се согласи да биде сурогат мајка и да го роди толку посакуваното дете во семејството.

Во прашање е гест со кој Џули сака да и помогне на својата ќерка на која наскоро ќе и роди ќерка, а на себеси внука!

Пожртвуваната мајка на Бриана Локвуд која сака да и помогне на својата ќерка, наскоро ќе и роди ќерка, а на себеси внука.

Бриана Локвуд (29) веќе со години заедно со сојот сопруг Арон Локвуд (28) се обидуваат да имаат дете. Тие се свршија во 2016 година, а заедно се уште од средно училиште. Нивната врска им одолеа на сите предизвици, а Бреана отсекогаш знаела дека сака да се оствари во улога на мајка.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Кога нејзиниот дедо се разболел, тие решиле да побрзаат со намерата да станат родители, бидејќи тој сакал да го запознае својот внук пред да замине од овој свет. Парот на почетокот се обидуваше да остане во блажена состојба по природен пат. Но по цела година без успех, тие одлучија да договорат состанок со докторот Брајан Каплан на Клиниката за плодност во Илиноис.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Таму тие започнале процес за ин-витро оплодување, пренесува американскиот магазин „Тудеј“. Но по голем број обиди и два спонтани абopтycи тие полека почнаа да ја губат надежта дека ќе станат родители.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

И по четири години надеж, проследена со бoлка и разочарувања, тие само што не се откажаа од идејата дека ќе имаат дете.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Единствената преостаната опција беше да пронајдат сурогат мајка, која за жал може да чини и повеќе од 100.000 долари.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

И тогаш се јави надеж, во облик на несебичен дар од страна на мајката на Бреана, која се понуди да им биде сурогат мајка на својата ќерка и зетот. Џули Лавинг со години беспомошно гледаше како Бреана и Арон неуморно се обидуваат да создадат сопствено семејство и секогаш безуспешно. Тогаш и паднало на памет дека може да им биде сурогат и да им „подари“ дете.

„Како мајка би направиле се’ за да му помогнете на своето дете. Кога ќе видите дека навистина ја боли и дека тагува, а знаете дека можете да помогнете, тоа и ќе го направите“, раскажа Џули за медиумите.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри
Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Кога прв пат и го кажала тоа на својата ќерка, таа и кажала „дека е луда“. Но Џули не престанала да го нуди тоа, па кога парот ги исцрпи сите останати можности, договорија состанок кај докторот Каплан.

„Ова е многу необична ситуација“, изјавил докторот.

Џули има истрчано 19 маратони, натпреварувајќи се и во безброј триатлони и беше во одлично здравје. Нејзиниот доктор во примарната здравствена заштита, нејзиниот гинеколог, па дури и психологот – сите и дадоа зелено светло за ваквиот необичен подвиг. И по успешниот пренос на ембрионот, и уште повеќе љубов, се случи и тоа да го носи сопствениот внук во стомакот.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Би требало да се породи на 12 декември 2020, а за среќа и покрај годините досегашниот тек на бременоста е „школски“.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Нејзината ќерка е пресреќна и не знае како да и се заблагодари.

„Се чувствувам како се за тоа како да постанам мајка научив од својата мајка“, истакна таа за медиумите.

„Толку сум среќна што можам да им помогнам на својата ќерка и нејзиниот сопруг да основаат семејство. Тоа е она што всушност го сакам, да им помогнам“ – објасни оваа прекрасна 51 годишна бремена жена.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри
Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри
Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри
Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри
Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри
Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри
Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри
Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close