MAMA

Нajжeшкиoт „Инстаграм дедо“ доби ќерка на 53 години – прва фотографија од малата принцеза на која и дадоа необично име

Тој има 53 години, а неговата жена 25

Гордиот татко веднаш ги објави убавите вести со прва семејна фотографија на која е малата принцеза

Џанлука Ваки (53) на својот Инстаграм сподели среќни вест – неговата 27 години помлада избраничка Шерон Фонсека (25) се породи и на овој свет го донесе нивното прво заедничко дете.

Познатиот Италијанец веста ја објави на својот Инстаграм, а го откри и необичното име на девојчето – Блу Јерусалема.

Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки

Ваки на социјалните мрежи сподели и фотографија на која што ја држи новородената ќеркичка за рацете, а својата сакана сопруга ја гледа со воодушевување и обожавање.

Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки

„Таа е тука со нас. Шерон и јас сме среќни што можеше да објавиме дека ова утро се родни нашата ќерка Блу Јерусалема Ваки. Му благодарам на Господ што е здрава и едноставно веќе ја сакаме повеќе од животот“, напиша тој.

Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки

Истата фотографија на својот профил на Инстаграм ја сподели и убавата манекенка со коментар: „Нашата ќерка е тука и не можеме со зборови да ви опишеме ова искуство и сите емоции што ги чувствуваме, благодарни сме и благословени“, напиша таа на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки

Инаку, Ваки и Шерон се во врска две години, а се запознаа на снимањето на еден музички спот кога потполн се вљубија еден во друг. Тие истакнуваат дека разликата во годините воопшто не им пречи, а тој не ретко знае да се пошегува дека има енергија како 15 годишно момче.

Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки

Иако дежурните хејтери не пропуштаат шанса да го навредат Ваки заради фактот што секогаш има помлади партнерки кои ги нарекуваат „спонзоруши“, овој пат таквите грди коментари изостанаа посебно што парот навистина изгледа пресреќно. Контроверзниот Италијанец денес го нарекуваат најзгодниот дедо на светот, бидејќи е познат по неговата бела коса, брада и бројните тетоважи, а 28 годишната убавица од Венецуела потполно го скроти.

Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки

Милионерот кој привлекува внимание со својот стил пред неа беше во врска со супермоделот Џориџија Габриеле.

Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки

Неговите ексцентрични модни комбинации, луксузниот дом ексцентричниот живот во друштво со многу помлади девојки е нешто што на сите им е добро познато. Но во последно време Шерон и Ваки во фокусот на социјалните мрежи ја ставаат нивната најголема среќа, доаѓањето на новиот член во семејството, а само еден ден пред породувањето објавија видео од болницата на кое танцуваат заедно за да го мотивираат бебето конечно да излезе.

Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки

Ваки и неговата 25 годишна избраничка денес живеат на раскошниот имот во Болоња каде имаат дури три базени.

Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки
Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки
Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки
Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки
Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки
Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки
Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки
Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки
Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки
Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки
Фото: Инстаграм/ Џанлука Ваки

.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close