Кафе муабет

Нов моден погодок на ќерката на Саша Поповиќ и Сузана: Еве зошто сите гледаа во неа на роденденот на Анастасија!

Реши да се појави во јавност...

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ до доцна во ноќта се забавувала со своите најблиски, а на забавата се појавиле голем број познати личности.

фото принтскрин

Поранешниот директор на „Гранд“ Саша Поповиќ и пејачката Сузана Јовановиќ дојдоа со нивната ќерка Александра, чиј изглед привлече големо внимание.

фото принтскрин

Инаку, Александра ретко ја гледаме во јавност, а таа не сакаше да ја пропушти забавата на Анастасија, па се појави во многу оригинално издание.

фото принтскрин

Долга, портокалова коса, шарени детали, впечатлив накит, сето тоа придонесе за моден погодок на наследничката на Саша.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

Инаку наследничката на Саша Поповиќ и Сузана беше топ тема и деновиве поради модниот погодок на свадбата на нејзиниот брат Данијел.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

Имено Саша и Сузана организираа свадба на синот на пејачката од првиот брак, На свадбата беа присутни голем број познати личности, а големо внимание привлече токму Александра.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

Наследничката на еден од најбогатите луѓе во шоубизнисот на Балканот за оваа пригода избра син костум со животински дезен, а во центарот на вниманието беше и нејзината портокалова коса.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

Сепак, она што најмногу привлече вниманието е цената на облеката која што ја носеше Александра.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

И покрај тоа што нејзините родители се познати и полни како брод, ќерката на Поповиќ за оваа пригода реши да облече комплет кој што го купила во една најпопуларните продавница за брендирана гардероба, но модни парчиња кои не се скапи и може да си ги дозволи секоја девојка.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

За целосниот стајлнг Александра потрошила помалку од 200 евра што не е својствено за децата на богатите.

фото принтскрин

Инаку шармантната Александра многу ретко имаме прилика да ја гледаме во медиумите. Таа е скромна девојка, има 23 години и воопшто не е заинтересирана за шоубизнисот со кој што се занимаваат нејзините родители.

фото принтскрин

Инаку Александра неодамна завршила курс за маникир и моментално прави нокти.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

Извор близок до Саша Поповиќ за Ало.рс тврди дека неговата наследничка ја краси скромност, дека не е заинтересирана да се занимава со јавна работа и дека избрала необична професија за себе.

фото нстаграм/Сузана Јовановиќ

– Александра е свесна кои и се родители, не се срами од нивните работни места, многу е горда на татко и и мајка, на нивните кариери и успеси, но едноставно не ја сака јавноста – започнува изворот.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

– Својот идентитет го крие на социјалните мрежи, се дружи со обичниот свет и не пати од однесувањето на кое се склони нејзините врсници, чии родители се познати личности – додава изворот.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

Сузана, нејзината мајка, откри дека Александра се откажала од два факултети бидејќи и самата не знаела што сака да прави.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close