Новости

НОВИ ЗАСТРАШУBAЧКИ СОЗНАНИЈА: Поради коронавирусот овој орган старее десет години!

Последните истражувања покажуваат дека коронавирусот може да му наштети на мозокот

Уште од самиот почеток на пандемијата со Ковид-19, научниците се обидуваат да дознаат нешто повеќе за вирусот кој е нов и непознат.

 

Се уште не се знае за долгорочните последици од вирусот корона, но експертите дојдоа до нови сознанија кои се застрашувачки.

Ако на почетокот на пандемијата заневме дека вирусот корона го напаѓа респиратониот систем, однсоно органите за дишење, сега научниците тврдат дека всушност вирусот остава и трајни последици врз мозокот.

Според истражувањата на научниците од Кралскиот колеџ во Лондон, вирусот корона може сериозно да му наштети на мозокот. Тие предупредуваат дека вирусот сериозно може да ги оштети функциите на мозокот, а кај некои луѓе кои учествувале во истражувањето, мозокот одеднаш остарел десет години!

Оваа студија во која беа вклучени 84.285 луѓе кои закрепнаа од Ковид-19 се уште не поминала рецензија, а неврологот д-р Џоана Вардлоу вели дека овие резултати не треба да се земаат здраво за готово, бидејќи, не се знаело кои се когнитивните функции на учесниците пред студијата.

 

“Нашите анализи се совпаѓаат со претходно утврдени факти дека има хрон ични когнитивни последици како резултат на коронавирусот. Луѓето кои се опоравиле, дури и оние кои веќе не пријавуваат дека имаат проблеми, покажале значителен когнитивен дефицит”, изјави авторот на студијата, д-р Адам Хемпшир.

 

 

Когнитивните нарушувања забележани во оваа студија беа утврдени со тестови користени за утврдување на Алцхајмерова болест – составување слагалици, поврзување на точки со употреба на логика.

Короната го слабее и срцето?

 

 

Според последната студија во Германија голем број од излечените од ковид имаат сериозни последици врз срцето и тоа ги изненадува лекарите.

Повеќе од три четвртини од пациентите кои неодамна се опоравиле од корона развиле трајни срцеви проблеми. Во кој процент таквите оштетувања се присутни, говорат и некои од кардиолозите.

 

 

– Имаме повремено пациенти кои боледувале од ковид во март или април, па се опоравиле, а сега доаѓаат кај нас во Клиниката поради проблеми со срцето и знаците на почетна срцева слабост – вели професор д-р Драган Симиќ кој додава дека тие луѓе и натаму се следат, а времето ќе покаже дали промените кои настануваат поради коронавирусот се привремени или трајни.

 

 

Сите промени во организимот кои се случуваат во текот на оваа болест, од зголемена температура, дехидратација, до пад на крвниот притисок, всушност се голем напад врз срцето.

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close