Кафе муабет
НОВА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЛИДИЈА ВУКИЧЕВИЌ: Таа е вистинска “БОМБА” И ВО ШЕСТАТА ДЕЦЕНИЈА ОД ЖИВОТОТ!
Повторно предизвика лавина коментари...
Откако пред извесно време ја изненади јавноста со својата последна трансформација, актерката Лидија Вукиќевиќ реши да не застанува.
Имено таа на својот Инстаграм профил повторно објави фотографија која предизвика позитивна реакција кај нејзините обожаватели.
Имено, Лидија позираше заводливо, во краток фустан кои и ги истакна витките нозе, но сите гледаа во променетата боја на косата.
Таа е препознатлива по црната коса со локни, а сега очигледно решила да ја обои во огнено црвена боја.
– Промените се очигледни, но не во пријателството – напишала Лидија.
Инаку Лидија одлично знае да им пркоси на годините, па таа секој момент го користи за да ужива во животот. Актерката во шестата деценја од животот а во април минатата година откри дека планира да застане на „лудиот камен“.
Лидија повторно ќе застане на лудиот камен, но не го откри идентитетот на нејзиниот избраник.
-Точно е дека ќе има венчавка, но не можам да зборувам за тоа“, изјави актерката за „Ало“ и додава:
-Се уште го немаме одредено датумот, но ќе бидете известени. Можам да кажам дека сум среќна и дека после сите овие години во кои бев запросувана, одлучив да се омажам по втор пат“ изјави Вукичевиќ.
Лидија и во шестата деценија од животот, изгледа божанствено.
„Прекрасна, убава си, посебна си, па, тие нозе горат“, се само дел од комплиментите кои Лидија ги добива на сметка на нејзиниот фантастичен изглед.
Лидија постојано добива комплименти поради својата витка фигура, а во една прилика призна дека единствената торта на која не може да одолее е – кох! Таа целосно ги елиминираше сите други слатки, а како што еднаш рече за „Glory“, со задоволство ги користи сите варијанти на мешавината на мед и цимет. Во нејзината диета нема место за глутен и месо, но најмногу се базира на здрава храна.
Иако важи за една од најубавите и најатрактивни актерки на овие простори сепак многу малку се знае за приватниот и емотивниот живот на Лидија Вукичевиќ.
– Јас сум класична емотивна личност, но со емоциите мора да се управува добро. Се обидувам да не се предадам на секого и неодамна сфатив дека многумина ме гледаат како социјална институција, затоа што можам да слушам, емпатична сум и апсорбирам како сунѓер, што на крајот негативно влијае на мене. Одлучив да направам избор за тоа кога треба да го правам тоа – изјави таа за „Стори“.