Кафе муабет

Новак Ѓоковиќ ужива со семејството, малата Тара е преслатка – мини копија на тато!

Бесценети моменти од семејниот живот

Самиот Новак признава дека најголема поддршка освен неговите родители му е и неговата сопруга Јелена, но и неговите деца Стефан и Тара…

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот постигна уште еден резултат за воодушевување, но тој на неколку наврати јавно истакна дека најголемата сила ја наоѓа во моментите што ги минува со своето семејство.

фото инстаграм
фото инстаграм

Новак Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос! Совладувајќи го Стефанос Циципас и уште еднаш покажа зошто е вистински спортски генијалец и и ’даде на својата земја уште една причина да се гордее со него.

фото архива
фото инстаграм

Самиот Новак признава дека најголема поддршка освен неговите родители му е и неговата сопруга Јелена, но и неговите деца Стефан и Тара.

Додека медиумите постојано откриваат детали за животот на Новак и Јелена, тие двајцата решија нивните деца да ги кријат од очите на јавноста, колку што е можно повеќе.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Синот Стефан неколку пати го имаме видено во јавноста како го бодри својот татко во публиката.

Сепак, Тара која е родена во 2017 година, никогаш не сме ја виделе во јавноста, а Јелена секогаш се обидува да го покрие лицето кога објавува фотографии или видеа на социјалните мрежи.

Сепак, странските папараци повремено успеваат да ги фотографираат семејните моменти, а по тоа што може да се забележи Тара е вистинска копија на тато.

FOTO: Profimedia
FOTO: Profimedia
FOTO: Profimedia
FOTO: Profimedia

Во една прилика Новак откри дека името на неговата миленичка е по планината Тара, накоја најчесто ужива да замине со своето семејство кога е во родната Србија.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

– Колку убавина и богатство нуди нашата Србија. Тара е дива планина која ги крие своите тајни се додека не стигнете до неа и и покажете големо воодушевување. Езерата Перуњац и Заовин, историската река Дрина, која тече моќно ги маѓепсува сите што ја гледаат. Благодарни сме за заедничкото, семејно време и се радуваме на понатамошно истражување на бисерите на нашата прекрасна земја – напиша Новак додавајќи дека убавината на оваа планина е една од причините зошто нивната ќерка го носи ова име.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Нашата ќерка беше делумно го доби своето име поради ова место и убавината на дивата природа.

Тешки моменти во семејството Ѓоковиќ

Гостувајќи на телевизија, таткото на најдобриот тенисер во светот раскажа за еден од најтешките моменти во неговиот живот.

фото принтскрин

Срѓан Ѓоковиќ зборуваше за успесите и притисоците, но исто така раскажа и малку позната приказна за неговата животна драма.

Тоа беше периодот кога Новак Ѓоковиќ се натпреваруваше на турнирот во Лондон и сакаше да се откаже од истиот.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

– Беше тешко, имав сепса и три недели мојот живот висеше на конец. Ме префрлија во Минхен затоа што немав услови да се лекување.

Ноле го одигра последниот турнир во Лондон и тој ми ја посвети таа победа.И тоа ми значеше кога видов и слушнав.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Тој сакаше да биде со мене и да не оди на турнирот. Му реков не.Ти на тато му даваш сила кога играш и победуваш откри Срѓан Ѓоковиќ во емисијата „Агенда“ на телевизијата Б92.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close