Дом и семејство

Новак Ѓоковиќ конечно откри зошто неговата ќерка го добила името Тара- ќе се изненадите!

Откри во што е симболиката

Не е тајна дека светскиот број еден тенисер, Новак Ѓоковиќ сака секој слободен момент да го поминува со своето семејство.

Тој неодамна се врати во својата родна земја, по натпреварувањето во Лондон, реши да направи обиколка на својата земја,  заедно со сопругата Јелена, синчето Стефан и ќерката Тара.

Имено

Тенисерот и неговото семејство заминаа на чист воздух, каде судејќи според фотографиите поминаа квалитетно исполнето време на планината Тара.

Имено тенисерот сподели и многу интересен факт кој до сега можеби и никој не го знаеше.

Токму оваа планина била инспирација за нивната ќерќиќка да го добие името Тара.

– Колку убавина и богатство нуди нашата Србија. Тара е дива планина која ги крие своите тајни се додека не стигнете до неа и и покажете големо воодушевување. Езерата Перуњац и Заовин, историската река Дрина, која тече моќно ги маѓепсува сите што ја гледаат. Благодарни сме за заедничкото, семејно време и се радуваме на понатамошно истражување на бисерите на нашата прекрасна земја – напиша Новак додавајќи дека убавината на оваа планина е една од причините зошто нивната ќерка го носи ова име.

И Јелена се огласи со фотографија, и рече дека ова место е вистинското за релаксирање опишувајќи ја планината како место каде никој не може да биде тажен.

– Нашата ќерка беше делумно го доби своето име поради ова место и убавината на дивата природа – напиша Новак.

– „Блажен е оној што знае да ја разбере шумата на шумата. Никој не може да биде тажен овде “. Волци, дивокози, кафеави мечки, смрека на Панчиќ … но една е бестрашната Тара се надоврза Јелена со своја објава на Инстаграм.

Новак обожава да поминува време со своите деца

Неодамна во јавноста излезе фотографија на која тенисерот со насмевка позира, а задолжена за неговата фризура беше токму малечката миленичка Тара.

Новак Ѓоковиќ доби кул фризура а според изразот на лицето на тенисерот, е задоволен од експериментот на малата принцеза.

Шарени додатици за коса, панделки, шнолички.

Никој не можеше да одолее на оваа фризура која Тара му ја направи на тато Новак.

-Кога Тара ќе го превземе тато во свои раце, Новак никогаш не изгледал послатко, се пошегува неговата сопруга Јеќена Ѓоковиќ која ја сподели фотографијата на социјалните мрежи, и ги освои сите симпатии.

 

 

Инаку Јелена Ѓоковиќ често знае да сподели на јавноста моменти од нејзиното секојдневие, па пред извесно време на својот Инстаграм профил сподели видео од нејзината ќеркичка Тара која неодамна наполни три годинки, а Јелена покажа како тие две заедно го минуваат времето, нормално на едукативен но забавен начин.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Малата Тара воедно и учи и англиски јазик.

– Уживаме да гледаме фотографии, па радознали сме да ги разбереме и зборовите, па попатно малку и менуваме јазик. На нас ова ни годи и така квалитетно го поминуваме времето. Секое дете е поинакво и посебно, па верувам дека и вие имате некои свои начини со кои го носите вашето дете во светот на книгите, напиша тогаш Јелена Ѓоковиќ.

 

И покрај напорните тренинзи, сепак светскиот број еден тенисер, Новак Ѓоковиќ секогаш наоѓа начин слободното време да го минува со своите деца, а кога тој се натпреварува тие се негова најголема поддршка.

 

 

Инаку Јелена постојано е во центарот на вниманието поради нејзиниот изглед и умерениот вкус за мода.

 

 

Таа секогаш одбира елегантни комбинации, може да се опише како нежна и природна и сака да биде своја.

 

Многу пати може да се прочита како ја критикуваат во медиумите бидејќи не е нашминкана, или не носи прескапа облека, накит, но таа на тоа возвраќа со насмевка.

Инаку Јелена Ѓоковиќ е директорка на Фондацијата, која се занимава со собирање средства за помагање на сиромашните деца во Србија, уредник на списание и секојдневно ја изразува своите афинитети кон бизнисот.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close