Дом и семејство
Новак и Јелена прозбореа за третото дете и открија се: Пресреќни споделија убави вести
Тие помагаат на многу деца...
Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се родители на две деца Стефан и Тара, кои целосно ги окупираа нивните срца и славните родители целосно се посветија на нив.
Новак никогаш не криел дека би сакал по трет пат да се оствари во улогата на татко, за жал Јелена само накратко размислувала, а пред неколку години во медиумите објаснила дека за малку ќе се согласила на идејата да имаат трето дете но таа набргу ја донела конечната одлука.
Тоа што Јелена и Новак Ѓоковиќ немаат трето дете говори дека зборот на сопругата на тенисерот за проширување на семејството бил последен и дека надвладеале нејзините размислувања на таа тема.
Иако не станаа родители по трет пат интересно е да се забележи дека тенисерот и неговата избраничка ги сметаат сите деца на Србија за свои и со сите сили се трудат финансиски да им го подобрат животот, преку образование, основање центри, градинки, купување учебници, креирање интернет апликации за полесно учење и слично…
Речиси не поминува месец, а Јелена и Новак да не се пофалат со својата работа во фондација. Постојано имаат нови промоции, а децата се нивниот фокус. За 15 години работа израдуваа над 50 илјади деца и отворија 53 градинки во Србија.
Неодамна хармоничните сопружници ја информираа јавноста, прво Јелена, па Новак, дека успеале да создадат уште 13 работни простории за 270 деца, што наиде на големи пофалби од јавноста.
View this post on Instagram
Јелена и Новак Ѓоковиќ никогаш не ја покренаа темата за трето дете откако сопругата на тенисерот проговори за тоа, барем не јавно, но тоа што го прават за илјадници други деца со кои не делат ДНК е за пофалба.
Секојдневно се трудат да направат среќни што повеќе луѓе на кои им е потребна помош.