Дом и семејство

Нина Јанева искрено за мајчинството: Не сум тип на мајка што ги отекува пријателите со тоа какво дете имам и што јаде секој ден!

Уште пред да се породам знаев дека ќе бидам “лошата”, Арија е татина принцеза и така ќе остане до крајот на животот...

На нејзиниот моќен вокал, никој не може да остане рамнодушен. Нина Јанева важи за една од најдобрите македонски изведувачи на музичката сцена а откако се реализираше во улогата на мајка, слободното време го користи за дружење со својата ќерка Арија.

фото приватна архива

За mamaglamur.mk Нина открива интересни детали од секојдневието со Арија. Името на нејзината наследничка е невообичаено па пејачката откри дека со сопругот Александар едногласно се решиле за тоа име.

-Арија или оргиналот Arya (Арја) ми стана омилен лик и име уште на самиот почеток кога почнав некаде 2012 година да ја гледам серијата Game of Thrones. Кога дознавме дека ќе имаме девојче, едногласно решивме да се вика така.

фото приватна архива

Дали наскоро планирате принова? Има ли Арија таква желба?

Сега во пандемијата мислам не. Малку ќе почекаме, но да, во секој случај сме во план можеби и до трето да одиме.

фото приватна архива

Нина важи за личност која несака јавно да открива детали за својот приватен живот, а кон тоа се придржува и кога станува збор за мајчинството. Таа не е тип на мајка која споделува фотографии од својата ќерка на социјалните мрежи, но открива дека ги документира сите интересни моменти со Арија.

фото приватна архива

-Во никој случај не би сакала да ја експонирам Арија јавно од толку мала возраст, ниту пак да ги отекувам пријателите какво дете имам и што јаде секој ден. Телефонот ми е преполн со слики и видеа, но со нив и спремам дигитална архива па наместо по портали и стари весници ќе може цело рано детство да го има на дланка.

Колку сопругот ви помага во обврските. Имате ли поделени обврски околу домот и одгледување на детето?

Па некаква остра поделба искрено и немаме. Природно ако едниот не можел, другиот превзема и обратно. Последниве месеци имам огромна помош и од моите и од неговите и можам повторно да се реактивирам во некои аспекти од животот.

фото приватна архива

Како го започнувате денот, кој е утрински ритуал на Арија и мама Нина?

Кога се буди е најмила на светот. Мантрата со млекцето и галење завршува во моментот кога ќе и текне дека е ден и може да се трча и изведува. После тоа веќе се и е хит, се радува на секој збор освен кога нејзе не и се збори.

фото приватна архива

-Најчесто денот ни поминува така што се учиме да зборуваме, гледаме заедно цртани, пееме песнички, ми ги покажува сите играчки кои впрочем не се играчки туку предмети кои се за неа, стари наочари, истрошени дезодоранси и парфеми, празни кутии од креми со кои се шета и глуми дека се мачка. Џабе играчки насекаде. Многу е смешна, почна да ни продава финти на сите по дома, кога можам ја снимам ако не плачам од смеење. Се на се едно весело дружење со среќно дете.

Колку ве промени мајчинството?

Мајчинството најмногу влијаеше можеби на мојата емотивност. Ако претходно бев емотивна, сега сум чувај Боже хахаха. Не трпам насилство врз деца, не можам да поднесам несовесен родител колку и да не можеш да судиш од страна.

фото приватна архива

Каква мајка е Нина? Кој е попопустлив мама или тато?

Уште пред да се породам знаев дека ќе бидам “лошата”. Татина принцеза е и така ќе остане до крајот на животот.

фото приватна архива

Иако е мала, сепак покажува ли Арија афинитети кон музиката?

Засега не гледа цртан филм ако нема музика, одма почнува да игра ако и запеам. Премногу е мала, можеби ќе покаже и спортски афинитети на тато.

Во моментот поради актуелната ситуација со коронавирусот поголемиот дел од времето сте дома со својата ќерка, но пред пандемијата, таа всушност и беше многу мала, а вие работевте напорно и воедно пеевте на ноќни свирки. Како успеавте да ги распределите сите обврски?

Настапи имав додека бев во 8-ми месец од бременоста бидејќи имав навистина лесна бременост. Се породив на 19-ти септември 2019-та, а веќе првата недела од ноември го имавме првиот настап. Се до првиот карантин во март. Успевав лесно да се снајдам бидејќи Арија е многу мирно дете, а како бебе комшиите воопшто не ни знаеа дека сум се породила. Сопругот, моите родители, мојата свекрва се цела една екипа која беа тука за причувување.

фото приватна архива

Како се соочувате со моменталната ситуација вие музичарите, колку вас конкретно ве погодија сите случувања?

Ние сме очигледно најголемиот проблем во државава што се однесува до пандемијава. Излезе дека само музичарите се под 12 месечни мерки, а сите други работат нормално по протоколи. Има многу семејства кои живеат од музиката, но ова не е првиот знак дека сме ние нај непривилегирани и незаштитени во очите на државата. Искрено, со ова треба сите да се запрашаме какви ќе ни бидат цените пост-пандемично. Јас знам!

фото приватна архива
нина јанева 2
фото приватна архива

Ве плаши фактот што се поголем е бројот на деца заболени од Ковид-19, како вие ја заштитувате Арија?

Арија има година и половина и слободно можам да кажам дека се нема ниту еден пат разболено до сега освен две незгоди каде малку имаше тегоби во желудник па го исфрли тоа ? Се храни со домашно млеко кое го нарачуваме плус дохрана со формула, обожава кисело млеко, сокови цедиме дома, кашичките исто сите дома и ги правевме, сака све да проба, обожава и бурек и компирчиња, пие витамини со Д3 и Омега и гледам колку е можно повеќе да и биде се домашно нарачано од познати луѓе кои одгледуваат животни. Верувам дека ова е најголемата причина ради која е прилично здрава. Инаку си игра во паркче кога е топло и не дува и многу сака деца.

фото приватна архива

Што прво ќе направите кога ситуацијата ќе се нормализира и ќе биде прогласен крај на пандемијата?

Би сакала да отидеме до кај нашите блиски пријатели во Црна Гора да ја носам на море. Летово повторно одиме во Дојран каде имаме своја куќа, но сепак сакам да си ја запознае другарка и Елиа (керќичката на нашите драги другари) и да осети малку јод и сол.

Весна Крстевска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close