
Семејството Роквиќ наскоро ќе стане побогато за уште еден член.

Наскоро ќе се роди втората ќерка на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ, а сите со нетрпение го очекуваат денот кога семејството ќе го запознае малото девојче.

Леона и Симеон се веќе доволно големи па родителите се консултираат со нив за многу работи, а една од нив била и името на нивната помала сестра. Од друга страна, Бојана и Никола имаат свои желби, па во семејството Роквиќ деновиве работите се повеќе од интересни.

‒ Што се однесува до името, ќе видиме. Можеби сама ќе си даде име, зависи кога ќе се роди. Имавме неколку предлози за нашата ќерка Леона, па избравме, додека Симеон е роден на „Св. Симеон Мироточив, па така го доби името.

Никола истакна дека целосно се променил откако станал татко. Вели дека е многу поодговорен, па дури и внимава на текстовите кои ќе ги отпее бидејќи може да дојдат до ушите на неговите деца.

‒ Има поголема обврска и одговорност. Сфатив колку е важен текстот затоа што ова ќе го слушаат и гледаат децата еден ден. Повеќе не сум толку млад за да ми се прости младоста како на почетокот на кариерата, истакна Роквиќ.

Инаку неодамна Симеон Роквиќ, синот на Бојана Баровиќ и Никола Роквиќ, ги воодушеви сите со еден потег на социјалните мрежи.

Бојана покажа како нејзиниот син го бакнува нејзиниот труднички стомак а овој трогателен семеен детал манекенката го сподели со своите следбеници и ги насмеа сите.

– Никој не го сака овој стомак како него – духовито напиша Бојана, а сите коментираа колку е прекрасно што едно момче е толку грижливо и емотивно.

Да потсетиме, Бојана Баровиќ со својата природна убавина постигна голем успех во манекенството, но и во новинарство, глумата и музиката.

Уште на 14-годишна возраст, таа влезе во светот на модата, која, во годините што следеа, и овозможи живот низ Европа, како и во Азија и Америка, каде што посетуваше часови по глума и доби неколку улоги.

Ги красеше насловните страници на бројни модни списанија и беше заштитно лице на многу брендови, а нејзиното учество во реалното шоу „Преживеан“ беше клучен момент за да се запознае со својот избраник, пејачот Никола Роквиќ, со кого подоцна се омажи и создаде семејство.

Бојана исто така е многу свесна за нејзината убавина, па затоа нема проблем да се фотографира без шминка и на својот нстаграм профил објавува фотографии без никакви ефекти.

– Кога би можела да бирам, би било – без филтри, без шминка, издание за на плажа и живот на плажа засекогаш – рече Баровиќ во една прилика.





