Дом и семејство

Никола Роквиќ емотивно за загубата на неговиот татко: Многу ми недостасува, децата ме прашуваат каде е дедо Маринко!

Болката не стивнува...

Пејачот на фолк музика Маринко Роквиќ почина во ноември, а како што вели неговиот постар син Никола Роквиќ, не поминува ден, а да не помисли на него.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

Исто така, Никола признава дека неговите деца постојано прашуваат за нивниот дедо.

Фото Инстаграм/Маринко Роквиќ

– Прашуваат да, но се е тоа живот, нормално е, мора да научиме да живееме со него. Најмногу се гордеам првенствено на тоа каков човек, татко, пејач беше и што беше умерен и одмерен. Секој ден ми недостига – изјави Никола, кој му посвети и нова песна на својот татко.

Фото Инстаграм/Маринко Роквиќ

– Сега ја објавив „Бесмртната песна“ која е посветена на сите луѓе што заминаа и на нас што останавме. Јас и Марко веројатно ќе снимиме некоја од песните на Маринко. Дополнително подготвувам уште две, веројатно и двете ќе излезат во наредните два месеци, многу сум активен, откри Никола Роквиќ.

Фото Инстаграм/Маринко Роквиќ

Славица Роквиќ,сопругата на починатиот пејач Маринко Роквиќ, исто така секојдневно ја потсетува јавноста на својот покоен сопруг и открива колку и недостасува.

Фото Инстаграм/Славица Роквиќ

Таа често пати знае на својот Инстаграм профил да објави трогателна порака …

Фото Инстаграм/Маринко Роквиќ

Така неодамна објави фотографија со Маринко и посвети емотивна порака со која расплака многумина…

Фото Инстаграм/Славица Роквиќ

„Не суди ми по изгледот, ти кој се осмелуваш да ме осудууваш. Не барајте влага во моето око бидејќи поради неговата проѕирност ќе стане невидлива за љубопитноста на вашите очи. Не обидувајте се да ја разберете мојата скриена тага затоа што доаѓа и си оди кога ќе и текне. Најчесто кога најмалку ја очекуваш. Прво се плашиш од нејзиното присуство, потоа одбивајќи се обидуваш да ја истресеш, да се ослободиш од неа, а потоа кога твојот поглед се среќава со нејзиниот ја прифаќаш како дел од себе „Тогаш повеќе не се занимаваш со неа, достоинствено ја носиш. Не, не е слабост, не пораз, туку сила што восхитува“, напиша сопругата на Маринко и додаде:

Фото Инстаграм/Маринко Роквиќ

„Па, тоа е твојата сила што се обидов да ја преточам во зборови што ги зрачеше во твојата најтешка болка, љубов моја. Тоа е патот до благословот кој го остави аманет да го трасираме со крената глава колку и да боли.

Фото Инстаграм/Маринко Роквиќ

„Драги мои, имам потреба да ви се заблагодарам. Ви благодарам за секоја молитва, порака, мисла за поддршка. За сета топлина на долгата прегратка. И овој пат ја оправдавте мојата вера во добрината, љубовта и луѓето“.

Фото Инстаграм/Маринко Роквиќ

За потсетување, Славица и Маринко беа во брак 36 години, а тој за својата сопруга во едно интервју во 1994 година го кажа следново:

Фото Инстаграм/Славица Роквиќ

-Мајка ми на сите се фали со снаите Пауница и Голубица. Жената на брат ми ја нарекува голубица зашто убаво пее, а воодушевувајќи се на мојата Славица, гордо вели: „Гледај како ми шета по дома, како паун“. Секако, како и на секој маж, ми се допаѓа тоа што имам убава и негувана жена, која е и прекрасна сопруга, мајка и домаќинка – изјави Маринко во една прилика.

Фото Инстаграм/Славица Роквиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close