Кафе муабет

„Ние сме како и сите други заљубени парови”: Цеца за прв пат открива детали за врската со Богдан!

Цеца е во врска со бизнисменот и менаџер Богдан Срејовиќ и конечно проговори за својата приватност, која инаку внимателно ја чува од очите на јавноста....

Речиси една година медиумите го следат секој чекор на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ а секако она што најмногу ја интересира јавноста е нејзиниот приватен живот.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Имено Цеца е во врска со бизнисменот и менаџер Богдан Срејовиќ и конечно проговори за својата приватност, која инаку внимателно ја чува од очите на јавноста.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ
ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ
ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Таа изјави дека е заљубена во своето момче Богдан Срејовиќ.

– Како што повеќето заљубени парови си даваат имиња, така и ние. Зависи од моментот и инспирацијата – изјави Ражнатовиќ за српски Телеграф.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ
ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм
фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Ражнатовиќ напомена дека не знае дали наскоро ќе добие ново внуче.

– Кога ќе знам јас ќе знаете и вие . Не сум во спалната соба на Анастасија ниту пак на Вељко за да знам што се случува и кога ќе се случи. Полека, има време за се, истакна пејачката.

Не сака да се мажи!

Цеца и Богдан се во хармонична врска но сепак тој не сака многу да се експонра во јавноста а според неа, тој факт не ја менува нивната совршена врска која ја имаат.

фото принтскрин
ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ
ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Цеца е голема ѕвезда но сепак тоа не му претставува товар на Богдан, кој ја прифати токму онаква каква што е.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

– Богдан е зрел човек и има свои одговорности. Тој воопшто не сака да се експонира и да оди со мене по моите настапи. Ние функционраме одлично. Богдан многу добро знае со кого е и не му пречи што сум толку изложена во јавноста. Прво бевме пријатели и оваа убава приказна произлезе од тоа пријателство – вели Ражнатовиќ за „Република“.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ
ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Исто така, Цеца подолго време беше сама но признава дека периодот на осаменост не и бил тежок, но дека смислата и љубовта ја барала во семејството, а не во мажот.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Важно е секој човек да има своја половина. Имав и подолги периоди на осаменост, но сепак не бев нефункционална. Најдов значење и љубов кај моите деца, публиката. Не ми треба маж да бидам комплетна. Не можам да бидам со некого само за да не бидам сама. Повеќе би сакала да бидам сама отколку со било кој – смета пејачката и додава:

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Убаво е со Богдан и сè додека е така, ќе бидеме заедно. Животот ми е луд, само ми треба да стапнам на лудиот камен. Се омажив во минатиот век но во овој би останала сама. Не ми треба хартија за да бидам среќна. И тој има брак зад себе и прекрасна ќерка, па не ни треба ништо повеќе од она што го имаме – заклучила таа.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close