Кафе муабет

Не троши пари на скапи парфеми а секогаш мириса убаво- ова е тајната на Јелена Ѓоковиќ!

Користи етерични масла наместо парфеми...

Јелена Ѓоковиќ е многу активна на својот Инстаграм профил, а освен што му дава поддршка на сопругот и им помага на младите таа споделува и корисни совети и рецепти.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Јелена неодамна на својот Инстаграм профил сподели една тајна и изненади многумина.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Имено таа посочи дека всушност не користи парфеми, туку има поинаква алтернатива:

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

– Зрачите со многу позитивна енергија, се гледа дека сте дете во душата, спонтано и секогаш желно за знаење. Се наметна прашањето, што е со парфемската индустрија, бидејќи сите го сакаме тоа, друга тема за истражување – напиша една обожавателка на Јелена.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Следуваше изненадувачки одговор.

– Мило ми е што учиме заедно! Одамна користам етерични масла, не парфеми, ова е одлично прашање – одговори Јелена Ѓоковиќ.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Сепак, треба да знаете дека овие масла не треба да се користат директно на кожата, туку да се растворат во некој „носител“ како кокосово или масло од јојоба. Маслото од рузмарин и маточина прескокнете ги, бидејќи можат да предизвикаат непријатни реакции, особено на чувствителна кожа, посочи Јелена.

Совети за есенска шминка на Јелена Ѓоковиќ

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Јелена Ѓоковиќ инаку важи за девојка која го обожава природниот изглед. Таа дури и во бројни официјални настани воглавно е без шминка или само со децентен мејк-ап кој речиси и не се забележува на нејзиното природно убаво лице. Таа е мајка на две деца и навистина ретко се шминка, а за тоа сведочат и бројни фотографии што ги објавува на социјалните мрежи. Сепак кога се во прашање посебни пригоди, таа својата убавина најчесто им ја препушта во рацете на искусни визажисти.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

-Нежни нијанси на кармин на усните, розово руменило за истакнување на јаболчиците и нагласени очи е нејзин совет за есенска шминка.

На претпознатливиот стил на Јелена Ѓоковиќ сите се имаме навикнато. Убавата сопруга на Новак на секое јавно случување изгледа поинаква од другите девојки.

На почетокот медиумите и даваа по некоја критика на Јелена за тоа што не се шминка и не носи високи потпетици, но таа како што вели во едно интервју сакла да остане своја и да си создаде свое место меѓу славните.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

– Нема ништо лошо во тоа, но мене тоа не ме инспирира. Затоа морав да измислам свое место и тоа се претвори во наметнување бидејќи сакав да докажам дека можам да бидам повеќе од само девојка или само жена на слевен спортист. Некогаш ме болеше тоа што сум претпознатлива само како негова жена, сега со гордост се носам со тоа, изјави во едно интервју Јелена Ѓоковиќ.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

За потсетување, Јелена Ѓоковиќ е директорка на Фондацијата, која се занимава со собирање средства за помагање на сиромашните деца во Србија, уредник на списание и секојдневно ја изразува своите афинитети кон бизнисот.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close