Кафе муабет

„НЕ МОЖЕА ДА СОКРИЈАТ КОЛКУ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ПОДНЕСАТ МЕЃУСЕБЕ“ Сека Алексиќ изненади со изјавата за распаѓањето на „Ураганките“!

Пејачката вели дека Сања подобро ќе напредува како соло пејачка...

Членовите на популарната група “Hurricane”- Ивана Николиќ, Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ наскоро ќе започнат соло кариера, бидејќи оваа група ќе се распадне во септември.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

Веќе извесно време се шпекулира за распадот на популарната група која минатата година ja претставуваше Србија на Евровизија во Ротердам со песната „Loco, loco“, а откако беше потврдена, оваа информација ги растажи нивните фанови, од кои многумина на Твитер се изјаснија со својот став, а меѓу првите се огласи пејачката Сека Алексиќ.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

-Малку ми е жал за распадот на “Hurricane” но не можеа повеќе да сокријат колку многу не можат да се поднесат што веќе стана многу непријатно – гласеше твит од корисник на оваа социјална мрежа, по што следеше и коментар на пејачката Сека Алексиќ.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

– Мислам дека Сања многу повеќе ќе напредува соло. Толку добро пее што е неспоредлива со 90% од пејачите. Таа е врвна пејачка.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Пред неколку дена од продуцентската куќа на која и припаѓаа и официјално е објавено дека на соработката и дојде крајот.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

-Имено, на членовите на групата Hurricane – Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ, договорот за деловна соработка истекува во септември оваа година, па затоа заеднички решивме да не го продолжуваме бидејќи не се вклопува во новите бизнис планови на нашиот тим, но исто така и на секоја од нив поединечно.

Фото Инстаграм/ Сања Вучковиќ

Во знак на благодарност до фановите и публиката ќе одржи проштална турнеја.

Фото Инстаграм/ Сања Вучковиќ

– Беше исклучително голема чест да се работи со Сања, Ивана и Ксенија, кои докажаа дека се професионалци, и го оправдаа статусот на ѕвезди кои во меѓувреме го стекнаа исклучиво благодарение на нивниот труд, посветеност и талент. Нагласуваме дека и тие ја оправдаа довербата што им ја даде нашата продукција. Затоа уште еднаш повторуваме дека одлуката за раскинување на соработката е донесена со заеднички договор.

Фото Инстаграм/ Сања Вучковиќ

Од продукцијата додадоа дека напорно работеле во последните години, и дека на сите им е потребен одмор.

Фото Инстаграм/ Сања Вучковиќ

– Секако дека ќе одлучат за натамошниот развој на нивните кариери согласно нивните планови и очекувања, а ние искрено им посакуваме уште поголем успех од оној што го постигнавме со заедничка работа. Поради сето ова, решивме турнејата да ја придружиме со неколку нови песни кои ќе ја одбележат и заокружат работата и успехот на групата Hurricane .

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм
ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Продукцискиот тим напомена и дека се формира нова постава на членовите на групата Ураган.

ФОТО: Ксенија Кнежевиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close