Кафе муабет

Не можам да го држам ниту детето-Луна Џогани трпи огромна болка, минува низ ПЕКОЛ!

Се повреди вежбајќи во теретана...

Луна Џогани и Марко Миљковиќ последниве денови беа посветени на вселувањето во новиот стан, кој неодамна го купија на Бежанијска коса.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Популарната поп двојка не крие дека се уморни поради сите обврски кои ги имаат во изминатите неколку дена, но да биде работата уште полоша, Луна штотуку се повреди.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Таа на нивниот канал на Јутјуб објави видео во кое објасни што точно се случило и како се повредила, но признала и дека раката се повеќе ја боли и дека имала толку многу болки што едвај го држи бебето:

фото принтскрин

– Многу сум уморна. Ме боли секој дел од телото. Раката ја повредв на тренинг. Тренирав сама, немаше тренер.

фото инстаграм

– Кревав тегови и нешто пукана и од тој ден раката ми е се полошо. Не можам да ја поправам, едвај го држам бебето, не можам,  страшно ме боли – открила Луна.

фото инстаграм/Луна Џогани

Инаку пред неколку дена Луна и Марко се пожалија дека ги потрошиле сите пари на станот…

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Вечерва ќе спиеме во нашиот дом, конечно после толку денови хаос – рече Марко алудирајќи на несреќата што ги погоди во станот пред два дена, кога мајсторот по грешка го олабави филтерот во кујната и поплави дел од станот. Како што истакна, се уште не е сè средено.

фото принтскрин

– Тоа ќе го правиме во лет, важно е конечно да се вселиме.

Пред да се вселат Луна и Марко застанале и до салонот за мебел каде ја однеле и малата Миа, а потоа снимиле како се забавуваат.

фото принтскрин

– Добровечер од новиот стан, вечерва првпат спиеме во новиот стан. Не може да биде лошо – изјави поранешната учесничка во реалното шоу и додаде дека вечерта ја искористиле да се забавуваат и да наздрават со чашка алкохол.

фото принтскрин

Парот за вечера имал паштета и леб, но посочија дека не им е жал, бидејќи сите пари ги потрошиле за уредување на станот.

Да потсетиме, на локацијата каде Луна и Марко купија стан цената за квадрат е околу 2.000 евра, па искешираа околу 160.000 евра.

фото принтскрин

– Станот е во зграда каде работите полека привршуваат и наскоро би можел да биде целосно подготвен за вселување. Цената на квадрат е 2.000 евра, но Марко ми кажа дека е подготвен да даде повеќе пари бидејќи сега има добри приходи. Тој заработува многу од YouTube и неговиот бренд за гардероба, а Луна секако се понудила да учествува со парите дадени однапред за купување, но тој нема да слушне за тоа – вели изворот и открива дека парот не планира да го продаде станот каде што сега живее во Нов Белград бидејќи ќе го изнајмуваат.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Иако се шпекулираше дека станот наводно е купен од фановите сепак во една прилика Марко истакна дека станот делумно го платиле во готово, а дел на кредит, а ги демантираше и приказните кои се појавија во медиумите дека всушност тие имаат добиено пари од нивните обожаватели.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Во процес сме на вселување во нов стан на Бежанијска коса. Треба да ги добиеме клучевите за околу 20 дена. Го купивме поевтино затоа што го купивме во изградба. Најдоцна кон крајот на декември ќе се вселиме во новиот стан. Овој сегашен стан најверојатно ќе го издаваме, а во друг ќе живееме. За неколку години ќе купиме уште еден стан или куќа. Купивме кауч, кревет, бела техника и телевизор. Ќе го уредиме за два дена. Сакаме да влеземе во нов стан, се ќе биде направено по мерка. Точно е дека станот го купивме на кредит и дека ќе го вратиме во наредните 15 години, а се надевам многу помалку. Мора да бидеме упорни и да се трудиме. Заедно можеме да го платиме имотот. Еден дел го плативме во готово, еден дел е на кредит. Таа приказна дека обожавателите не финансираат, апсолутно не е точна – вели Миљковиќ.

фото инстаграм/Луна Џогани

Марко и Луна за прв пат станаа родители во јуни годинава, а Марко откри како се снашол во улогата на татко на малата Миа:

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

– Ќерка ми е супер, првите два месеци постојано се будеше. Бевме подготвени за тоа. По два месеци почна нормално да спие. Се си доаѓа на свое, Миа цело време се смее. Таа е многу позитивно и задоволно бебе- вели Марко и на крајот открива дека Луна и тој едвај чекаат уште деца:

фото Инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

– Планираме проширување на семејството. Сакам Луна да одмори од породувањето, но разликата меѓу децата да биде што е можно помала за да можат заедно да одат во градинка и да се дружат. Работиме на различни проекти, се трудиме. Размислуваме за се што е големо – заклучува Марко Миљковиќ за „Блиц“.

Фото Принтскрин/Јутјуб

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close