Кафе муабет
Не бираат време ни место: Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се скараа јавно- вакви зборови од него никој не очекуваше!
Парот се пошегува на социјалните мрежи...
Конфликтот меѓу Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ веќе подолго време е тема во медиумите.
Имено, Филип долго време беше во Америка поради деловни обврски, а неговото отсуство многумина го протолкувале како знак на брачна криза.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/prijovi-1.png)
Сепак, се чини дека работите се малку поинакви, бидејќи по враќањето во Србија, сопругот на Александра Пријовиќ ја користи секоја прилика да биде покрај неа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/03/prija-1-4.png)
Сега кога Александра го промовира својот албум, брачната двојка Живојиновиќ сфатила дека написот како „Конфликт меѓу Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ќе ја потресе јавноста“ дополнително ќе влијае на нејзиниот маркетинг. Затоа решија да се пошегуваат и на тој начин да ги збунат следбениците и медиумите, па ја направија првата јавна, мала брачна кавга на „Инстаграм“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/prijovik-7.png)
Имено, Александра ги известила фановите дека следуваат спотови за уште два финални синглови од новиот албум, а во приказната се приклучил и нејзиниот сопруг, за дописите набрзо да добијат саркастични размери.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/prijovik-1-6.png)
– До крајот на албумот остануваат уште две песни, ‘Ja sam odlično’ и ‘Marš’. Ќе ви откријам дека и двете се брзи, едната ми е омилена, а кое име ви е поинтересно? – ги праша Александра своите следбеници на Инстаграм, на што Филип одговори:
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/07/89993_aleksandra-prijovic-instagram_iff.jpg)
– Ма, Марш… Не толку поради песната, но морав да ја искористам понудената прилика да ти го кажам тоа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/01/prijovic21.jpg)
Пејачката во ист стил одговори на духовитата забелешка на нејзиниот сопруг:
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/12/1prija_sF4.jpg)
– Марш ти! Дали е можно ова јавно да го напиша? Ќе те блокирам – напиша таа, а на фановите веднаш им беше јасно дека се работи за шега и дека работите одлично функционираат меѓу брачните партнери.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/12/пријовиќ-1.png)
Александра Пријовиќ неодамна беше во фокусот на вниманието поради тоа што ги избриша сите фотографии од својот „Инстаграм“ профил, а многумина заклучија дека тоа е еден вид маркетиншки трик пред објавувањето на новиот албум.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/88374_aleksandra_prijovic_filip_zivojinovic_svadba_djanijevog_sina_ataimages_iff_rv6.jpg)
Покрај овој гест, следеше и промената на Александра Пријовиќ, која ги изненади и воодушеви и семејството и нејзините фанови.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/07/дтх.jpg)
Имено, пејачката реши целосно да го промени имиџот за потребите на новиот албум, а промената на Александра Пријовиќ предизвика лавина од коментари.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/07/пријовик-9.jpg)
Комплиментите на сметка на совршената линија, но и фризурата се редат од ден на ден. А особено воодушевување пејачката предизвикала кога се појавила на свадбата на синот на Џани во придружба на нејзиниот сопруг.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/07/пријовик-а.jpg)
Александра блесна во асиметричен сатенски фустан во жешка розова нијанса, а нејзината нова фризура дојде до израз.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/07/пријовик-д.jpg)
Имено, таа ги скратила шишките и на тој начин на своето лице му даде сосема нов сјај.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/07/пријовик-з.jpg)
Со потемнет тен, широка насмевка и неверојатен изглед ги воодушеви сите присутни а особено нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ кој не го тргнал погледот од неа цела вечер.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/07/пријовик.jpg)