Бебе
Необична приказна: Овие бебиња се близнаци, кога ќе ги погледнете денес нема да верувате колку се различни (ФОТО)
Ако ги зафати очите води до страбизам, нистагмус и слабеење на видот.
31-годишната мајка Стејси од Нигерија никогаш не помислила дека веста за нејзините бебиња ќе го обиколи светот.
Таа и нејзиниот сопруг Бабаџид добија близнаци Даниел и Давид.
Иако се близнаци, Даниел и Дејвид се различни на некој начин. Даниел има темна кожа и црна виткана коса, исто како и неговата 5-годишна сестра Демиладе, а Давид е роден албино. Има бела кожа и скоро златна коса.
Мама гордо го покажа своето необично дуо на Инстаграм и доби многу лајкови. 🙂
Албинизмот е наследно нарушување на производството на меланин кое предизвикува дифузна хипопигментација на кожата, косата и очите – Недостатокот на меланин (а со тоа и помала количина на пигмент) може да биде целосен или делумен, но влијае на сите делови на кожата.
Ако ги зафати очите води до страбизам, нистагмус и слабеење на видот. Освен заштита од сончева светлина, не постои третман за промена на кожата, пишува во Медицинскиот прирачник за дијагностицирање и терапија.