Новости

НЕМОЖЕШЕ ДА ГИ СОКРИЕ СОЛЗИТЕ: Погледнете како нajжeшкиoт „Инстаграм дедо“ ги пречека сопругата и ќеркичката од болница!

Џанлука приреди неверојатно изненадување за добредојде

53 годишниот милионер Џанлука Ваки кој важи за најжешкиот дедо на социјалните мрежи, пред неколку дена стана татко, а вчера приреди убаво изненадување, за да ги пречека својата сопруга и Шерон Фонсека (25) и нивната ќерка Блу Јерусалема.

 

Шерон пристигна во нивниот италијански имот во елегантен мат црн автомобил, а она што прво забележа е големата розова панделка на нивната порта.

Џанлука очигледно најде совршен начин за да предизвика емоции кај неговата сопруга но и во јавноста.

Имено тој го украси дворот со розови балони, насекаде имаше поставено играчки за својата ќеркичка, а неговата сопруга едноставно не можеше да издржи и се расплака на овој гест од грижливиот татко, а кога ја видоа нејзината реакција се расплакаа и вработените во куќата.

foto: tuko.co.ke

 

– Таа е со нас. Јас и Шарон сме среќни да објавиме дека утрово се роди нашата ќерка Блу  Јерусалема Ваки. Фала му на Бога, таа е здрава и ние едноставно ја сакаме повеќе од нашите животи – напиша Ваки на својот Инстаграм профил, веднаш по раѓањето на малото девојче.

Инаку Џанлука се погрижи неговата избраничка, да биде опкружена од најдобрите лекари и медицински сестри во болничката соба што превидуваше небесен поглед.

 

Ваки и Фонсека се во врска веќе две години, а се запознаа на снимањето на музичко видео каде се заљубија на прв поглед.

Тој и неговата 27 години помлада избраничка секогаш истакнуваат дека разликата во годините воопшто не им пречи. Џанлука често пати изјавува дека има енергија на 15-годишник.

 

Иако често пати на социјалната мрежа Инстаграм, има негативни коментари за тоа како девојките со кој тој е во врска се спонзоруши, сепак овој пат Ваки доби многу искрени честитки.

Ваки и 25 годишниот модел Шерон Фонсека денес живеат на раскошниот имот во Болоња каде имаат дури три базени.

 

Ваки истакна дека е горд што конечно има некој што може да го наследи неговиот имот и се што поседува.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close