Новости

НЕМА ДА РАБОТАТ НИТУ АПТЕКИТЕ: Започнаа нови рестрикции- Србија ќе се затвори на седум дена?

Нови мерки против коронавирусот...

Градинките и основните училишта ќе бидат затворени од 8 март до 7 април во Унгарија.
Унгарија ќе ги затвори и скоро сите продавници и услужни компании на две недели, како и градинките и основните училишта во наредниот месец, во обид да се заштити од третиот бран на коронавирус, објави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергели Гуљас денес.

foto inz.ba/

Продавниците, освен оние за храна, аптеките и бензинските пумпи, ќе мора да бидат затворени, а работата на услужните компании, со исклучок на оние што обезбедуваат здравствена заштита, ќе биде  прекината во периодот од 8 до 22 март, им рече Гуљас на новинарите.


Спортските сали исто така ќе бидат затворени две недели, но лиценцираните спортисти ќе можат да тренираат и да се натпреваруваат зад затворени врати, истакна тој.
Парковите ќе останат отворени, а луѓето ќе можат да спортуваат на отворено, под услов да можат да одржуваат растојание од еден и пол метар.

Србија се затвора на седум дена?

Како што денеска објави Курир.мк, наводно Кризниот штаб на Србијаво текот на денот ќе одлучи дали ќе ги прифати построгите мерки предложени од медицинскиот дел или ќе се откажат од целосно заклучување за што се залага градот Белград.

Foto: Profimedia

Како ќе изгледа животот во Србија во следниот период – ќе се знае денес по седницата на Кризниот штаб. Инаку во понеделникот медицинските стручњаци побараа да се затвори сè освен аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи и тоа на минимум седум дена.

Фото Илустрација

Претседателот Александар Вучиќ веќе изјави дека Србија е далеку од воведување вонредна состојба.

Наспроти него, епидемиологот и член на кризниот штаб, д-р Предраг Кон, истакна дека епидемиолошката состојба не може да се игнорира и дека е катастрофална во Белград.

foto eZadar.hr

Остануваме на нашиот став дека затворањето на кафулињата и рестораните нема алтернатива. Јасно ни е дека ова треба да трае најмалку две или три недели, но знаеме дека од различни причини тоа не е можно. Сепак, сега секое намалување на контактите што спречува собири значи многу, рече Кон како гостин на ТВ Прва.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close