Кафе муабет

НЕВЕРОЈАТНО СВЕДОШТВО НА МЛАДА МАЈКА: Имав јаки менстpуaлни бoлки и грчеви- отидов во болница и се породив!

Младата Холи немала никакви симптоми на бременост, но го родила малиот Тео!

Холи Хентон од Лестершир го раскажува своето искуство со бременоста. Имено таа воопшто не ни знаела дека носи бебе во стомакот се додека пред седум месеци не почувствувала силна болка и веднаш се упатила на доктор.

 

foto Facebook

 

23 годишната Холи мислела дека се работи за силни менструални болки кои ги почувствувала додека била на работа. Веднаш го затворила ресторанот и повикала итна помош.

foto Miror.co.uk

Кога пристигнала Брзата помош, Холи дознала дека е пред породување, и дека е во 41-та  недела од бременоста, па веднаш била пренесена во болница, каде гинекологот потврдил дека е во 41 недела од бременоста но се уште не е пукнат водењакот, па поради тоа требале да почекаат.

foto Facebook

Иако Холи можела да ја повика својата мајка додека била во болница, сепак таа посакала  поголемиот дел од оние четири дена кои ги поминала таму да биде сама борејќи се да го сфати она што го доживеала.

Без никакви симптоми на бременост, со царски рез, таа го донесе на свет момчето Тео.

“Имав менструален циклус и ништо друго не се случуваше. Се здебелував малку, но мислев дека тоа е заради Божиќните празници. Во ниту еден момент не се сомневав дека сум бремена”, изјавила  Холи.

foto Miror.co.Uk

Холи не се сомневала дека е бремена, поради тоа што немала гадење ниту труднички стомак.

“Кога ми рекоа дека сум бремена 41 недела, бев шокирана. Отсекогаш знаев дека сакам да станам мајка, но само кога ќе бидам во здрава и среќна врска”, додава таа.

 

foto Miror.co.uk

Кога се породила, таа имала 22 години. Пушеше и излегуваше со пријателите за време на викендите. Но после породувањето се се смени преку ноќ.

„За среќа, Тео е здраво бебе и не можам да замислам живот без него“, заклучила Холи.

foto Miror.co.uk

Таа посочува дека и било тешко по породувањето, бидејќи воопшто не била во здрава врска, но по неколку недели, со поддршка од нејзината мајка и пријателите, новата мајка започнала да развива посебна врска со нејзиното мало момче.

Холи раскинала со таткото на Теоа, минатиот август, но сепак решила да му ги соопшти убавите вести, па сега тие иако не се заедно, го одгледуваат детето најдобро што можат.

foto Miror.co.uk

„Не им кажував на луѓето неколку недели, бидејќи ми беше срам дека сум самохрана мајка, и се уште се помирував со тој факт, но кога дознаа, тие почнаа да купуваат пелени, облека и секакви играчки за Тео.

Извор: Miror.co.uk

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close